напредува (несв.)
Работава не напредува, си мислам, не само по вина на природата, зар може да биде вина тоа што е лето и што е земјата сува и горка, та тоа си е нормално, лето е и суша и тврдо е камен, а тоа е и предноста на еден ископан бунар, предност на бунар ископан во најголема суша, тоа значи дека во иднина ќе има вода во секоја сезона.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Мојата повест, која требаше да ѝ даде смисла на одлуката за мојата осама во Маказар, никако не напредуваше.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Набргу тој беше силно возбуден и гласно се смееше додека малите фигурчиња надежно напредуваа кон целта а потоа беа изедувани и враќани на почетокот.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Деновиве забележав дека колку што работата на бунарот напредува, толку помалку луѓе доаѓаат навечер на гледање сеир и на давање совети.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Се убедија со напредувањето на српската пропаганда во Македонија оти тие не се единствениот фактор во македонското прашање, а оти има, освен нив, и други и оти успехот при конкуренцијата ќе биде таму каде што ќе биде поддршката на Русија.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Со сите оние авиони на небото. Со гласините дека непријателот од сите страни напредува.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
По борбата на бојното поле ќе настапи време да се бориме на културна почва, и во тоа време, наместо да имаме можност да ги ползуваме плодовите од пролеаната крв и да напредуваме културно, ние и тогаш, како и сега, ќе треба на наша штета да ги помагаме ту српските, ту грчките, ту бугарските интереси.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Надежта дека напредувањето на нацистичка Германија ќе биде сопрено на Балканот завршило со тотално фијаско и за САД и за Велика Британија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
За кариерата и напредувањето во социјализмот Имаше едно лозарско стопанство на ридот после Чаир.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Само емоционално не успеваш да напредуваш.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
И концентрацијата напредува сѐ повеќе и повеќе.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“
од В. И. Ленин
(1917)
Зелкава на Фејсбук машала ми напредува. Уште малку сарми ќе виткаме.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
Дури и додека ја гледаше црната орда како напредува кон југ, тој виде уште една сила, необјаснето собрана, ненадејно никната во нејзината заднина, како ѝ го пресекува патот по копно и по море.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Понатаму, на долниот крај од Рамни Ливади, двајца косачи ритмички замавнуваа со косите и стапка по стапка напредуваа преку ливадата. Зад нив остануваа пластови покосена трева.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
- Тоа дете, имаше многу лоша среќа, мајка му почина таму во Австралија ... едвај успеав да го донесам овде, колку-толку, да му обезбедам дом и некаква грижа ... потоа доживеа сообраќајна несреќа и го загуби едното око ... и таа е балерина сега, во средното балетско училиште ... но немаме никакви средства за да напредува во училиштето, а многу е талентирана ... огромна штета би било...
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Се чувствуваше слаб и немоќен за да може болката повторно да се бори со множеството детали, со нештата што требаше да се координираат, една работа да се вклопи во друга, прво ова да се направи, а потоа другото да следува, целата конструкциска скица да напредува со точен редослед, и соодветниот човек и соодветниот материјал да бидат на соодветното место и соодветното време.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Роднините им порачуваат дека сè ќе биде добро. Сите добро ќе напредуваат.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Колку силно и да се одвиваше во последните десетлетија нивелирањето на светот, израмнувањето на стопанските и животните услови во различните земји под притисок на крупната индустрија, размената и финансискиот капитал, сепак останува голема разликата, и меѓу шесте споменати земји гледаме, од една страна, млади капиталистички земји кои необично брзо напредуваа (Америка, Германија, Јапонија); од друга страна – земји од стариот капиталистички развиток кои во последно време далеку побавно напредуваа од претходните (Франција и Англија); од трета, земја најзаостаната во економски поглед (Русија), во која најновиот капиталистички империјализам е исплетен, така да се рече, со особено густа мрежа на преткапиталистички односи.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“
од В. И. Ленин
(1917)
Потоа овчото лице се стопи во фигурата на еден евразиски војник кој изгледаше како да напредува, огромен и страшен, со машинска пушка што рика, и изгледаше како да скока од површината на екранот, така што некои од луѓето во првиот ред навистина се тргнаа назад на своите седишта.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Можеби затоа што копањето напредуваше, мојата велика замисла се обликуваше и можеше, кај да е, да се очекува да се појави водата.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)