нареди св.

нареди (св.)

Наредувам: по секоја цена! Отстапување нема....
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Косот пак исвирка. - Двајца да појдат и да видат што има! - повторно нареди командирот.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Во случај на неоправдан изостанок судот може да нареди вештакот присилно да се доведе и да ги поднесе трошоците за доведувањето.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Со издив на олеснување го дочекував големиот станичен перон во кој се наредени триесетина колосеци кои дејствуваат грандиозно.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Преку улицата се протегаше кејот на кој беа наредени четири мамутски тополи посадени уште од османското време.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Сега оди и најди го десетарот и кажи му дека наредив Циљка да стражари трипати преку ред!
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Станаа какви што ретко можат да се видат во светот: во едната имаше илјадници ситнурии и матракулки: од игли за плетење и крпење до часовници што некогаш имале разноразни задачи: да ѕвонат, да тикараат, да гукаат на ѕидови и да се тресат по мали џепчиња; па потоа конзервички и тенеќиња со шарени обвивки и со натписи што можеш по цел ден да ги читаш и да не ги протолкуваш; шишулиња од разни големини и дебелини, кои можат да се носат воврени во прстите или пак наредени како цевки под мишките; белезички, прстенчиња, ножиња со рокчиња, шарени стомничиња, свирчиња, а потоа: рачки од чадори, поткови, бургивчиња, тркала од колички, панаѓурски штракачиња и што ли не.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Бидејќи со тоа доверената ни задача а и нашите животи беа доведени во опасност, јас му наредив на нашиот човек двајцата да ги ликвидира заради што му го дадов моето лесно оружје што Вие ми го доделивте поради поголема практичност во извршувањето на нашата специфична задача.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Дури сега командата на ДАГ ја виде опасноста и нареди офицерската школа, составена од петстотини курсанти, која е во резерва и со седиште во селото Брезница, со трчање да оди на помош на 102 бригада во чиј состав беа постари мажи и голем број инвалиди.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Застана пред него, го праша на грчки: - Ти ли, господине, си наредил да престане орото?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Писмата кои беа убаво наредени во натказната беа неми сведоци за неговото каење.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Иако се чинеше дека не му обрна големо внимание по тој еден единствен презрив поглед, тој отсечно нареди токму него да го стават на ноќна стража.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
На сувата гранка од првата слива се наредија четири врабици и наслушнуваа.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Наредија ранетите да се приберат и аскерот да ја запоседне тврдината.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Ќе порача две-три оки вино и една табла ореви и ќе му нареди на Јошета со заби да му крши од оревите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Предводникот, со шмајзер на рамо, нареди никој да не се движи.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
На убивањето и на клањето јас му се преплашив во времето кога од Комитетот ни наредија да ги испотепаме селските кучиња.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Чаушот нареди да се сардиса куќата од сите страни, а еден од заптиите прати да го известат муљазимот и кајмакамот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Не крв и не заседа на таа крв. Не ја виде црната плима во мене зашто ниеден акт на светот не може да ги нареди под графата души црните плими.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Захаријадис веднаш нареди да се преведе писмото на грчки јазик и да им се јави на сите воени команданти да дојдат на итен состанок во пештерата над селото Горажде.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Повеќе