населен (прид.)
Осознаваше дека во душата се населени и оживуваше нешта кои тој потоа ги пресоздаваше, и допираше сѐ што беше создадено од Бога или од него.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Најголем удар доби Византија од Бугарите, коишто зазедоа од неа голем дел нејзини земји населени со Словени и од нив образуваа една голема и силна држава, која од VIII век до идењето на Турците на Балканскиот Полуостров скоро постојано ѝ нанесуваше еден удар врз друг.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Трите сили се борат за завладување токму на овие густо населени региони и за областа на Северниот Пол.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
После изливот на реките по расположливите природни пространства и напливот на атмосферските води по улиците на населените места по целиот Балкан, во соседна Бугарија, на една од централните авении на главниот град, деновиве била регистрирана присутност на рекичка начинета од големи творечки имиња од областа на кино индустријата.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Поради стравот, поради огромниот страв што во него беше населен уште од најмали нозе.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
140. Веројатно е печатна грешка и треба да стои VII век, бидејќи дури тогаш Словените во Македонија се конечно населени и образуваат посилни племенски сојузи за борба против Византија.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Ќе вртиш цел ден околу стожерот, ќе цапаш низ населените снопје дури да го истресиш зрното, да ја изџвакаш сламата.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Во шума или во населено место.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Се свртувам да видам како изгледа тумбата. Се чини чудно но навистина ми се виде населена и веројатно поради тоа веднаш се разликуваше од другите височинки.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Црни рапави кори – шупливи инструменти населени со ветрови и ноќни птици.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Кога втасав во населбата веќе беше населен со колонисти, туѓоземјани.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Во 1926 бил донесен Указ за промена на имињата на населените места, географските топоними и др.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Во меѓувреме тој секој ден од продавницата купуваше по една конзерва кога месна, кога рибна, а понекогаш по две паштети зашто во продавницата имаше само од помалите, а исто така, на неколку дена купуваше по еден фишек хартија полн со стотина грама шеќер со коишто го прихрануваше смокот населен во меѓувреме во скребите од фурната крај неговата куќа.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Се мислам дека истиот е населен од многу што сакаат со позајмена статусна позиција, што би рекол Вендерс „...да летаат низ ноќта во слеп полет без инструменти, но на крајот да се приземјат таму каде што избрале да бидат.“
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
На отворена линија, која се спровира низ густо населени места, експресот брза и со над сто километри на час.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Воз во движење низ населени предели, покрај река и дрвја. Писок на локомотива.
„Го сакате ли Дебиси“
од Лазо Наумовски
(1973)
По 1919 г. карактерот на населението се промени со преместување на муслиманите кои зборуваат турски и најголем дел на Бугари и со прилив на огромен број грчки бегалци, грчка Македонија во 1938 доминантно беше населена со Грци.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Можеби затоа што книгите се природно населени низ целата куќа и нивното присуство, во стариот кујнски шкаф, на пример, каде што во расеаноста на предвоениот мебел се потпираат еден со друг двата „народни готвачи“, петте тома од илустрираната сликовница за исчезнати цивилизации „Симфонии во каменот“, е сосема обично.
„Или“
од Александар Прокопиев
(1987)
Кога би бил во ситуација да избирам со какви луѓе би сакал да биде населен театарот, јас би гласал само за робовите.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Оти Бог е во нас; оној кој не верува во себе, не верува ни во Бога што е населен во него.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)