насетува несв.

насетува (несв.)

„Кој си ти, господине?” - праша со стравопочит скромниот битолски метлар на ладино, насетувајќи го одговорот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Насетуваа дека на нашата земја ќе удрат новите бранови на историјата.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Дебелиот го гледаше со стиснати усни како да насетува нешто.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Ги насетувавме мајчините придушени извици предизвикани од големите болки.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Насетуваше дека е само прашање на време кога нозете ќе го издадат и ќе почне да се тетерави.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
X Наближуваме кон главниот град. Се насетува медитеранската свежина.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Тој не ја насетуваше во совршената взаемност на двата споени сада сеопфатната форма на духот на бесконечноста како ползи на работ на секоја капка време.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Крвавите отпечатоци тој само ги насетуваше во темнината - прогонувачите по нив не можеа да го најдат.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Се насетуваа првите пукнатини на биполарниот свет.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Козичката го насетува присуството на волкот. Дивата шумска грамада се исправа пред неа.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Татко ми насетуваше дека за партијата и за власта работат институти со специјални задачи да се навлезе што подлабоко во причините за поврзаноста помеѓу козите и луѓето на Балканот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Синовите и ќерките, убаво ја насетуваа тивката, внатрешна битка на заминувањето или останувањето меѓу дедо и баба и речиси никогаш во мирните времиња не заземаа ничија страна.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тогаш почнавме полека да ја насетуваме прекрасната вистина, односно причината за нашата тајна.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Сфатете, предупреди еден меѓу нас кога народот ја претчувствува мемлата во говорот, офтиката несомнено насетува неслобода осој, таму кајшто треба да припекува слободата на зборот и мислата сласта на грлото кога го испушта гласот милозвучен ништо подлабоко во човека не пробива од јазикот во него е сѐ она што по којзнае кој пат било не само овде и не само во нас.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Татко ми ги насетуваше строгите мерки.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Станаа доста зборливи за сметка на повлеченоста од која можеа да насетуваат како кучиња.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
На накривеното куќиште била заглавена над вратата икона од оревово дрво: безимен светец со чудесно лице на млад левент во пламена облека и со пламено копје во пребелите раце јава градест и гривест коњ и убива ламја со густ тутунски чад во ноздрите, боде многузаба исклештеност со грбник на костреш, а во далечина, под замагленото лилаво и алово небо, пукаат планини на чии преслапи зарѓуваат капки сонце - тече црна крв меѓу премазни камења, опашот на чудовиштето со последен бес се обвива околу младите нозе на белецот, земјата испукала од морничавост, во пукнатините повеќе се насетуваат отколку што се гледаат змии и гуштери.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И таа насетуваше дека нешто значајно се случува или само се навестува.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Ја носи во очите сиот живот таа слика и во сеќавањето го носи она насетување и стресеност на животинче, кое иако првпат го видело она нешто и, иако без ука, знае дека е тоа птицата на страста и сладоста.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Стоев, или лежев, со страв и болка пред тој запис, пред таа трага впишана во крвта, пред тој белег чие насетување започна со свесноста за разликата помеѓу моето тело и телото на брат ми.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Повеќе