натежне св.

натежне (св.)

На потомците им остави лози натежнати од мака, а и мртов смогна да им даде ишарет - колку многу ветер и магла имало на Клиничките патеки на власта.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Натежнале облаците и само си мошорат едноличен дожд.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Некаде пред зори ѝ натежнаа очните капаци.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Како на вратот гердани ниски камења студени така на плешки денови легнале та натежнале Денови ли се - денови аргатски маки големи!
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Потребно е само малку за тасовите на вагата на оваа двојност да натежнат на едната или на другата страна и, во суштина, просторот меѓу оние како Јуда и оние како Лидија е многу мал.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Ми натежна тој спомен, ме стега, ме гмечи и душата ме боли...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
А кога почна да се замрачува, почнаа и нозете да ми натежнуваат. Како од кал да ги вадам, од батачка.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А клепките само ми натежнуваат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Упорно, без трептеж гледа во магливата далнина и неосетливо се губи, ја совладува сон, клепките натежнуваат и некаде длабоко во главата искрат мисли на свеста: една дека мора да е будна, а друга - барем малку да дремне, само толку, колку за да ѝ олесни, да го истера сонот кошмарен и малку да закрепне, малку да спушти клепки дури да изброи до пет, само малку да дремне...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Натежнува воздухот од гласови.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Натежнало за врнење, што се вели, секој час може да го отпушти.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Молчеа немо, со наведнати гранки натежнати од снегот.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
колку патрони чеиз му донесе на Горачинов, ми велат, да имавме ракија, вели Горачинов, ќе ве викневме на блага ракија, и ќе фрлавме пушки, вели, свртете на друго, вели Ристо Коларов, здравувајте нѐ в образ, бацете ни рака, вели, не го погоди моментот, вели Горачинов, историскиот момент, ова не е свадба, туку свадбено патување, вели, дури си млад сѐ можеш да кажеш, што се вели, сѐ ти се може и сѐ ти прилега, и јас гледам како се стемнува и како цело небо ни слегло во морето, сосе ѕвезди и сосе месечина и си мислам дека сме тргнале по небото, сме се закренале на некоја пловидба меѓу ѕвездите, целата сум зашумолена и пренесена некаде, некоја голема умора ми се обесила на клепките, ми натежнала во коските, нешто гледам, а повеќе не гледам, како до половина да сум заспана, завлезена во сонот;
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Така можеа да мислат на иста тема, единствена, и да починуваат од времето што им имаше натежнато како планина.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
А времето е со триста умови: ќе натежне, ќе се потргне.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Натежнале ко трудни жени, што се вели, не се гледа полето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Нозете ми натежнале, небаре во тиња, во жив песок да газам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— Некој нов живот натежнал во тебе, вели, и ти ја раширил снагата и образите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Гласот им е изменет, зборот плачлив, речиси натежнат од солзи.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Ми натежна оваа пладневна оморина и ме совладал сонот. ***
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Повеќе