наточи (св.)
Наточив пијачка и мислев на твоите нозе.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Се случи пред жителите да ги наточат срповите...“
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Ќе ја земеше авланката за вино и ќе прашаше: „Од кое да наточам: од „јагнешкото”, од „арсланешкото” или од „свињешкото”? и ја кажуваше приказната за дедо Ное, кој, кога ја засадувал првата лоза, некои прачки ги залеал со јагнешка крв и благословил: тој што ќе пие вино од овие прачки, да пие по малку и да биде кроток како јагне; другите прачки ги полеал со арсланечка крв и благословил: тој што ќе пие од овие прачки, да пие троа повеќе и да биде силен како арслан; третите ги залеал со свинска крв и благословил: тој што ќе пие од овие прачки да лока како свиња и насита да нема...“
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Наточи вино крваво! Наточи на вересија!
„Бели мугри“
од Кочо Рацин
(1939)
„ Баш можеше да ми наточи една пинта“, се бунеше старецот додека се сместуваше покрај својата кригла.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
„You knou English too“, уште понасмеано му рече и се повлече да ја наточи порачката.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
А отец Серафим задолжен за манастирската визба, наточи вино старо од повеќе години, со интересен мирис на бочвата во која лежело и им рече дека ова вино во манастирот се пие во ретки прилики, на ретки свечености, за ретки гости.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
- Наточи една кригла, жеден сум као пес со јазик до колена. - Веднаш, чичко Ване. Ова е гратис, како сефте.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Барменот наточи две половини од литар темнокафеаво пиво во дебелите кригли што ги исплакна во една кофа под шанкот.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
XVI Ручокот на Комисијата беше приреден на островцето обградено од бистрата изворска вода под жалните врби што своите гранки како зелени чипки ги спуштаа до земја; водата околу нив се прелеваше во зелени и светли тонови, по неа лебедите оставаа меки трагови доаѓајќи сосем блиску до огништето каде што се печеше прасето; калуѓерите се сменуваа вртејќи го раженот и плакнејќи ги лицата со студената вода; миризбата од вцрвенетото прасе што капеше на жарта, се ширеше наоколу дразнејќи им го желудникот на полковниците, игуменот, отец Иларион и отец Серафим кои седеа крај масата и пиеја; отец Серафим пак им наточи од најубавото вино, и додека чекаа да се испече прасето, им раскажуваше дека во турско време имало многу лозја во манастирот, а и во селата, зашто луѓето, за да се ослободат од големите даноци што власта им ги наметнувала за житните насади, тие нивјето ги засадувале само со лозја, зашто Турците не земале данок за лозјата, не собирале грозје, зашто не пиеле вино.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Плати, му наточија, и се врати кај мене.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
- Тогаш, наточи уште еден бокал вино. - Со скарата или пред скарата?
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Па ударал нож си остриј в земља иле' на даски, па извиквал с глас си страшен: „Брго ти, ѓаурко, наточи ми вино ројно и љутица врела, чаши стродрамници, ја да пијам, да се'опијам, с тебе ја да легнам, да прегрнам рамна става, очи да целувам, не две ношти, не три ношти, твои црни вежди...“ ***
„Крвава кошула“
од Рајко Жинзифов
(1870)
Со трепетлива рака наточи ракија во зелена чаша, отпи малку и дувна.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
„Јас сакам една пинта“, настојуваше старецот. „Баш би можел да ми наточиш една пинта.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)