натпис м.

натпис (м.)

За тоа катаден ги потсетуваше натписот над влезната порта и оџакот што без престан црно димеше.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Станаа какви што ретко можат да се видат во светот: во едната имаше илјадници ситнурии и матракулки: од игли за плетење и крпење до часовници што некогаш имале разноразни задачи: да ѕвонат, да тикараат, да гукаат на ѕидови и да се тресат по мали џепчиња; па потоа конзервички и тенеќиња со шарени обвивки и со натписи што можеш по цел ден да ги читаш и да не ги протолкуваш; шишулиња од разни големини и дебелини, кои можат да се носат воврени во прстите или пак наредени како цевки под мишките; белезички, прстенчиња, ножиња со рокчиња, шарени стомничиња, свирчиња, а потоа: рачки од чадори, поткови, бургивчиња, тркала од колички, панаѓурски штракачиња и што ли не.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Веруваа дека знаците од натписот испишан на височина главоломна имаат волшебна сила и дека оној кој ќе ги растолмачи ќе стане сопственик на богатства неброени.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Свилената марама ме натера да можам да се погледнам во огледало без однапред познатата аверзија, фрлајќи во дефокус секаков натпис од девијантна природа.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Ме восхитува твојот говор без аскеза без пауза клесан ко глинен глаголски натпис обоен и обол, со густ внатрешен ритам на мит и лира на плот и жедба твоето лице ко отсутност изгребано ко ѕидини на древни светилишта од рески и црти шифри и датуми ко забранета и жигосана книга по којашто се топела душата и го прелевала својот акварел не повторувајќи ниту еден потег.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Везирот му обрна внимание на муалимовиот натпис во стихови, пополека ја крена раката и двапати го прецрта целиот натпис.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Везирот долго седеше над таа молба со раширени раце, притискајќи го со едната дланка натписот во стихови, а со другата сметките на градителот и нацртот на мостот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Кога по три дена не побарал ни јастие ни питие, и кога почнала да се шири неподнослива реа, влегле стражарите внатре, и го виделе, потпрен на својот стап како упорно, со ведри очи гледа во натписот од книгата чудна.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Низ целиот аеродром имаше натписи и го слушавме зборот АЛОХА.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
- Дедо, заборавивме да провериме дали возот го вози чичко Јастреб, прјателот на тато, којшто на рацете има исцртано разни натписи и фигури со мастило што не се брише до крајот на животот, - се туфкав.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Среќен сум што среде метежот на плоштадот сум незабележлив како натписот на мојата блуза.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Во мигот не можеше да разбере дали вагонот со натписот среде Gare de Lyon беше во Скопје или во Париз.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Еми го прочита својот пофален текст: договор на летувалците да организираат чистење на брегот и поставување табли со натписи, илустрирани со инспиративни симболи - сонцето, цвеќето, насмеани детски ликови...
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Крстот стоеше навален, а во натписот, со мака можеше да се прочита: „Георгиа Иереј“.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Најнакрај како залог го дадов и моливот што ми го подари тато, со натпис - Штедете во Стопанска банка - па и него го загубив.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Уште една штица - патоказ со истиот натпис и десетина чекори од тука две споени карпи.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
На сината сообраќајна табла над стрелката што покажува лево – натпис: Микролимни, под кој се крие старото име на селото Лак.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Да, натписот се читаше јасно. Името на мојот предок.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Станува збор за стручњаци за типографија, за обликување и произведување на печатарски букви, историчари за натписи (епиграфика) и за ракописи (палеографија), за историчари на уметноста, стручњаци за судска медицина и многумина други што се заинтересирани како за естетските особини на графичкото изразување така и за неговите утилитарни функции (во издаваштвото, огласувањето, картографијата итн.).
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Тоа августовско утро во Прага Сите ги прекоруваа своите мали кученца кои баш сега најдоа по пет пати да мочаат во тревниците послани со свежи ѕвезди а за баксуз, никаде немаше натпис: мочањето врз тревници од ѕвезди е забрането.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Повеќе