начин м.

начин (м.)

Најпосле реков: „Колку сѐ начини постојат да умреш во вселената?“ „Милион.“ „Кажи ми за некои.“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Тоа можеме да го провериме на два начина.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Долгата ангажираност во одредена професија можела да се одрази на повеќе начини кај личноста.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Се лажев. Во фоајето забележав дека на необичен начин ја држиш цигарата.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Може да се штеди и бензинот, и плинот, и парното греење, и дрвата, и облеката, и чевлите, може да се штеди ако не се прејадува, ако не се препива, може да се штеди ако непотребно не се патува, може да се штеди ако не се фрла, кине, валка, гази - може да се штеди, добри мои, на илјада начини, а не е потребен наук за да се совлада вештината за штедење.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
И така, бидејќи ми беше крајно здодеано да го започнувам секој ден на истиот начин, доручкувајќи во исто време, во истото опкружување (кое не можев да го променам, па решив барем она што можам, да го променам, да видам што понатаму ќе се случува и дали ќе предизвикам некоја временска дупка во хронолошкиот распоред на настаните), започнав со експериментот.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Едновремено држеше со рака исцртан дијаграм кој прикажуваше женски органи во анатомски пропорции и ја објаснуваше нивната функција и позиција на начин на медицинска сестра којашто зборува за фантазиите на средношколците на час по сексуално воспитување.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Негово е она согледување дека едноличноста на грдото ги зазема најубавите места во нашите спомени иако не сум спремен да ги прифатам начините што тој ги предлага за да се надвладеат ваквите состојби.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Но не со намера да го укорам заради непристојното и по малку загадочно однесување во оној дел од неговата приказна што се однесуваше на спомнатиот волшебно розов облак, туку за начинот на кој настојувал да се изземе себеси од секое можно сомневање па дури и од недоразбирањата што би можеле да се појават во врска со нив.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Па дури и технолошкиот напредок се случува само кога неговите производи можат на некој начин да бидат употребени за намалување на слободата на човекот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Расеано ја слушав неговата лекција за седумте чуда на грчкиот јунак Херкул за кого ни прикажуваше на свој начин.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Тој на истиот начин секогаш се поместува в десно да можам да поминам за да му го дадам зобот.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Потиснувајќи го својот глад за храна со жита и овошје и гаснејќи ја жедта со вода, човекот не бил задоволен и открил начини за ферментирање и дестилирање на житата и овошјето за да направи алкохолни пијалаци.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Молчеше смешкајќи се и бараше сили во себе да најде начин да рече дека само тоа не бидува.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Треба да ја цениме конструктивната критика, да најдеме начин да ги разбереме работите и да ги избегнеме грешките затоа што само така ќе ги направиме подобри нештата кои гравитираат околу нашето удобно опкружување.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Се обидуваа на разни начини, раскажувајќи му вистински ведри случки од нивниот градски уличен или училиштен живот, по нешто и измислуваа, додаваа, но малку, барем во прво време, можеа да му помогнат на Бојан.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Воопшто немам намера како монасите или калуѓерките да му го жртвувам своето либидо на бога, може да е токму тоа она светото во нас што треба на вистински начин да го продуховиме...
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Да беше било така лесно и арно свикувањето на конференција, и сега ќе имавме друг начин за третирање на нашите работи и наместо Европа да ги остави Русија и Австрија да го решаваат нашето прашање – сите европски големи сили ќе сакаа во него да играат еднаква улога.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ужасната врска на коренот говори дека не владее поразениот, но дека и победникот и поразениот имаат автобиографија на големи страдања, и секој на свој начин: секој светец има своја карактеристична брада и одежда.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Природата нашла начин да им наплаќа за ѓубрето што го фрлаат каде што ќе стигнат.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Повеќе