најблизок прид.

најблизок (прид.)

Нѐ слегоа и ќе нѐ праќаат во најблиското село.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Одвреме-навреме ќе си разменеа по некоја доверлива мисла што не можеле да си ја кажат на друго место, дури и пред најблиски!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ве имам за најблиски Оти сум сам Во самица Пред чиј катанец Свивате колено Со молитви За сродство со изворот.
„Век за самување“ од Веле Смилевски (2012)
Мисионерката и не претпоставуваше дека куќарката во која престојуваа е оддалечена само половина километар од најблиската воденица, и дека токму во таа воденица, три умешни селанки ги расукуваат корите за пити и ги готват сите оние јадења за кои таа имаше многу високо мислење.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Таа блискост на едно наречје се пројавува, од една страна, кон сите други македонски наречја во општите фонетски или звуковни, морфолошки или формени и лексички или зборовни особини; од друга страна, секое наречје е најблиско до неговите соседни наречја, имајќи со нив општи особини што се немаат во пооддалечените од него други наречја, и тоа западниот дел од наречјето е поблиско до неговиот западен сосед и со него тукуречи се слеваат, источниот до источниот итн. и така наречјата како да се врзани едно со друго како колцата во еден синџир.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
И така дојдовме до националното наше име што го имаат носено нашите татковци, дедовци и најблиски предедовци.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Среде црква развален оган. Горат цепеници донесени од најблиските дворови и колци извлечени од селските плетови.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Дури и такви, кои за една копејка ќе ѝ го предадат на сатаната и најблискиот свој!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Ако не успеат да го извлечат од нездравата ситуација, патат повеќе од најблиските му роднини.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
За сите смртта на најблиските е прерана, па кога и да се случи таа.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Според нашите податоци, откако имате откриено дека на вашиот добродетел Чардаклија му е изречена и казна, вие се впуштате во проверка на утврдените факти, ги потхранувате луѓето од селото со некои свои вистини, а во прибирањето на податоците не ги заобиколувате ни најблиските на обвинетиот кои сосема разбирливо секогаш ја застапуваат страната на обвинетиот; со еден збор, вршите своја приватна истрага со противдржавна намера.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Од локалните гении им доаѓаат киселини, многу ждригаат, а понекогаш мора да скокнат до најблиската аптека по апчиња против пролив.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
А кога забележав дека и таа мрда, заедно со мене, сум почнала да се радувам како со најблизок роднина.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тројца музичари, на излогот, во сини, глинени африкански панталони со симболи на Земја и Сонце, свиреа нешто помеѓу блуз и џез и изгледаа мирни и задоволни врз купот шарени камчиња кои Пиратот ги собирал од најблиското речно корито.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Замислете го за момент вашиот живот без вашите најблиски, без луѓето за кои живеете, луѓето кои ви ја исполнуваат душата со благосостојба, кои ве мотивираат, кои ве инспирираат, кои се причина за постоењето на вашиот мал космос.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Тие, кои беа околу него и тие кои беа околу оние кои беа најблиското негово окружување и сѐ така до најнискиот во партиската хиерархија, го создаваа тој неприкосновен авторитет на Захаријадис.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Беа само двајца од оние луѓе, со кои тој не можеше да разговара, само двајца со кој бил најблизок при првата средба за потоа да почне да се одалечува од нив.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И вистина, тие колца, бидејќи помеѓу себе се најблиски, имаат некои црти на исток блиски со бугарските и на север со српските колца.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Рибарите доаѓаа во правец на нашиот дом, брзаа кон најблискиот брег.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Десет и дванаесет катници и повисоки – тоа е новиот лик на градот во најблиската околина на пристаништето.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Повеќе