најзначаен прид.

најзначаен (прид.)

Тоа беше едното од најзначајните објаснувања со кои таа располагаше во врска со бесмртноста на братучедот Благоја.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Во прашање е првиот и најзначаен проблем пред кој се исправил човекот откако бил изгонет од Рајот.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Татко ги прелистуваше најзначајните судиски книги.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Впрочем, најзначајните одговори на клучните мисли и прашања од неговиот живот сигурно се криеја во неговите книги.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Меѓутоа, сосем е точно дека дури со доаѓањето на бегалците од Белград во Софија во 1890 год. беше создадена основата на најзначајната македонска институција од тој период Младата македонска книжовна дружина што од почетокот на 1892 год. почна да го издава и својот орган „Лоза” на јазик со многу македонизми и со посебен „македонски правопис”.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Го заклучи дуќанот, доби благослов од мајка му, ја облече униформата, ја натна војничката шајкача на глава и замина на границата кон Унгарија.  На 6 април германските бомбардери го надлетаа Белград и почнаа да ги бомбардираат најзначајните згради.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Немав кому да му ги носам своите текстови за мирно просудување, за моја заштита, немав кому да му носам книги за потцртување со молив на најзначајните места, на страниците со пепел и потоа за разговор во врска со нив, немав кому да му се восхитувам за мирната храброст, моќ и трпеливост.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Еден од адутите во мојата дипломатска мисија во билатералните односи на Југославија со Тунис беше како да се задржи Хидротехника, специјализирана во изградба на песочни брани, по две децении успешен настап во градбата на најзначајните песочни колинарни брани.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во Федерацијата, најпосле, можеа да здивнат. Во јужната република беше решено најзначајното стратешко прашање на развојот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Чардакот на нашата куќа стануваше во очите на Татко и Камилски најзначајна балканска катедра на која требаше да се решава за судбината на балканските османизми.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Таа знаеше дека тој се наоѓа пред најзначајната одлука во животот, по онаа ноќ кога реши, сите заедно, да ја минеме границата на Езерото и, засекогаш, да станеме емигранти на животот.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Од оваа култура, најзначајниот дел му припаѓа на Бог.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Климент Камилски се изненади од овој настан, но сметајќи се апсолутно компетентен, како сорбонски докторанд од областа на воспитанието на детето, не сакаше пред Татко да го покаже своето чудење, но, сепак, со авторитетен глас на сеинформиран научник прокоментира: Јазикот останува најзначајната симболичка фигура на човековиот дух, но и најзагадочната творба на природата за разбирање на луѓето и народите.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Така течеше времето на најзначајниот настан во нашето детство.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
НАЈЗНАЧАЈНИОТ синоним на Франкфурт е Берзата. Овој град на Мајна не е како другите германски градови преполн со фабрики и индустрии.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Тоа можеше да се смета за еден од најзначајните настани во Татковата библиотека. Барем за Мајка.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Уште во првите години на моето пишување како новинар, па сѐ до крајот на животот, во текот на дваесетина години, татко ми беше апсолутно мојот прв и најзначаен читател.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Инаку, еден од најзначајните обиди шопското наречје да се издигне на степен на литературен јазик за Бугарите и за Македонците, како компромисно решение, го направи штипјанецот Јосиф Ковачев (1839-1898) со својот „Болгарски Буквар” (1875), наведувајќи дека „шопското наречје”, со центар во Ќустендил, е средно и најчисто зачувано меѓу „севернобугарското или балканското” и „јужнобугарското или македонското”.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Му ветив дека насобраниот народ ќе вика Тито-Лазо, и тој сиот радосен се согласи да подготви драматургија за овој, би рекол најзначаен настан во повоената македонска историја.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Клевтис е најзначајна стратегиска точка на Грамос.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Повеќе