нај (чест.)

Од април до мај не врзуваш крај но празникот мора да остане нај на банката камата огромна дај и пак отпочеток рмбај и трај
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Овој концепт нај­добро функционира токму во Ворхоловите филмови: кај него грешките идеално се вклопуваат во неговата тогаш веќе воспоставена естетика.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Ги очекувала нејзините писма како нај­убавиот, најсветлиот дар во нејзиниот темен дел на Балканот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Значи овој нај неплоден дел со договор го купи Италија за да го користи 99 години и тука изгради воена база.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Чана ја поткрева големата снага, ги гледа децата и вели Шо велиш, моја Пелагијо, ки са нај м′шка р′ка да гу пувела во дете?
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Хорот: Секоја представа има свој крај но во крајот и почеток е знај особено кога е нај како во нашиот рај ...или можеби вака Истиот распоред, истата боја. св. Јован, облечен во својата избледена талкачка облека, влегува, носејќи црвен грамофон.
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
На крајот можам да наведам уште еден начин на самоубиство кој во Македонија речиси и никој не го практикува, а се смета за нај хард кор од сите претходно споменати.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Во поранешна Југославија си бевме и припадници на народност, со што се изделувавме од другите државјани, зашто наводно сме си имале и друга, матична татковина со која, за волја на вистината, нѐ делеше една од нај­непреодните и најнеминливите граници во светот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
229 Британската воена мисија Abbeville на 6 септември повторно ќе се обратат до Force 399 дека во “моментот имаме нај, повторувам, најургентна потреба од сите можни пратки.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Таа за мене беше нај­големата лабораторија на балканските идеи.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Не знам како преживеав чекајќи го утрото на мојата нај, најсреќна среда.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)