невидлив (прид.)
Невидливи груби раце ме зграпчија... силен, продорен машки глас..
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
1. Еден Циган без цигулка Еден Циган без Циганка Еден Циган без дружина донеса денеска Замижано над постела тој стегаше раце суви борејќи се со некого заздиван Па наеднаш грабна дизгин невидлив и атот игрив го потера сиот в пот и распеан Но в час коњот се исплаши и се сопна Тој извика на уста со топла пена румена Не го крена коњот сакан Не намести нови жици Под чергата в пламен сета замолча Еден Циган без дружина еден Циган без Циганка еден Циган без цигулка однесоа денеска.
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)
Зјапаа во пијан пајтонџија а тој се мачеше да му докаже на некој невидлив слушател дека автомобилот е најголемо зло за човекот.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Меѓу два залака варена пченка тренираме продолжен запир на здивот и дури утре ќе забележиме дека сме испокасани од невидливи мушички.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
3. Страшило од корени од жед и од глуварки со лелек од шупливи гради на мртво стебло Ноќта ги негува тешките црни молчења во невидливите градини каде студенее летото Ниту една планина во мојот говор додека се враќам во домот на претците.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Окото: иако има голема дарба да продира дури и во невидливите работи, може да биде и мрзливо или незаинтересирано а пак намерно да подзамижува, некаква своја лукавост тогаш сака да покаже, доколку се работи за нашата себичност.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Таа се вовлекува во неговата душа и ја пребарува со невидливи страсни прсти.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Не фолираше во тоа одредено време на месечевото движење и раѓањето на невидливите призраци и страшила во тие летни, запарни ноќи, кога неговото далечно детство со глувчешки скокови го прерипуваше подот на скоро празната соба заградена со жици на нејасен страв, тој недозволен грев роден од сенките и мрзнењето на светлоста.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
И сега, една обична, невидлива гранична линија требаше да му го подели животот.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Над него висела на невидливи сончеви нишки црвеникава ветрушка; наслушнувала песна на кос и со остро око ги демнела движењата под себе.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Царски е патот на змиите:
ја сечат отмено поврвнината
на брановите, легнуваат по карпите
тивко, како сонце на залез
се лизнуваат меѓу нозе
очи в очи се судираат, исчезнуваат
без страст, без отров
секогаш совест од којашто извираат
водите, се ведат змејчињата
за да се одржи невидливата рамнотежа
- услов без којшто не може ништо на веков.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Се заниша на невидливата нишка и продолжи со нечуен глас.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Невидливиот пат е копнежот залутан во празната исполнетост на темнината.
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)
Ѕвездите биле скреж запрен на својот пат од невидлива мрежа.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Погледнувам кон сведоците. сега и тие со дигнати раце и со заслепени очи ги повторуваат зборовите на невидливиот судија.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Наоколу карти, божества, хороскопи
слики, книги, мемоари
пресметки, математики, хронометрии
ти стануваш појдовна точка за сѐ
да може да се сложи
ти си ѓаволски склоп
структура на структури
Време, Литературо
покажи ми ја темната страна
вишокот, несводливоста
хроничната невидливост
нашата обострана завист.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Тоа во основа е една темна материја, честички на оние душевни сензации што се простираат и движат во огромниот простор помеѓу тагата и очајот; тоа се честички што се јавуваат во улога на невидливи оски околу кои времето на творечката индивидуа ја прави својата голема револуција, постојано кружејќи од детството до денес и од денес до детството.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Според нив дишењето е непрекинато општење на внатрешниот и надворешниот свет, невидлива комуникација помеѓу објективната и субјективната стварност.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
На секој посилен налет на овој невидлив скитник од морето тој си го потпира грбот на стеблото од маслината.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Изгледаше како некои невидливи огромни чудовишта да се настрвиле на нас, ја поткреваат земјата и бараат уште жртви.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)