недоделкан прид.

недоделкан (прид.)

А морам да признаам дека за оваа моја неизречена помисла, од која требаше веднаш да се вцрвам, ми се чини дека беше сосема безвредно она што подоцна самиот си го префрлував, дека му припаѓам на суровиот и недоделкан дел од стварноста.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Чаршијата ѝ се подбиваше отпрвин, гледајќи ја прослукана, црна и подведена, со прост недоделкан бастун во раката.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
- Какви јагниња, бре недоделкан, ми вели еден даскал, тоа е кусок на соли и на минерали.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Глупак недоквакан, недоделкан сељак, си помисли.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)