недофатен прид.

недофатен (прид.)

Сликата ти е недофатна божја, сатанска, бесмртна бела, охола ало, лакома суето, Киту твојата јасна росна јарост крвавиот рев вресот на твојата пена - грбна лавовска локна зборот може поверно да те опише од било која икона, лажен идол -развратен знак на китоловците- Милосрдна срж, срцевино, божилаку казни ги поганите: скриј ја вистината ‘рскавицо на покајанието послушај го умот на бога Магу, уживач на морски бездна - утробата на светот Цицалче големо лицето исцели си го од длабочини, Ламјо совршена прскава, мрсна, врела, отровна...
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Мачнината ја засилуваше овој силен удар да се наруши хармонијата на универзалното верување, на вечното човеково право на верување во недофатната минливост.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Да, бела песна, во исто време толку блиска и позната, а сепак недофатна, таинствена, далечна.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Судбината на централниот (или: единствениот развиен) лик во романот – ликот на Ервехе, фокусот низ кој се прекршуваат и ломат дофатните и недофатните зраци и котелци на приказната, се разгрнува низ континуирани и системни настојби на Мајката, означена како браник на семејството, да се опстои покрај сѐ, покрај силните и жестоки удари на суровата стварност.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Во други случаи, односите меѓу стилот, вкусот, класата, родот, сексуалноста и идентитетот остануваат збунувачки недофатни, барем со оглед на сегашната палета од расположливи инструменти за критичка, општествена и семиотска анализа.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Телото го носиме кон бродот и новиот глас длабоко сокриен во мене ми вели да го пуштам надвор. ‘Помош, помош!’ во црвената недофатност, ечејќи и молејќи.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)