незавршен прид.

незавршен (прид.)

- Би можело да се рече – ја прифатив иронијата. –Човековиот живот е несовршен, докрај неразјаснет, неговата еволуција незавршена.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Овие книги, особено втората, најчесто ги цитираше во својот незавршен проект и постојано ги носеше со себе, при сите преселби.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
XLVI Кога започнаа да трагаат по опасните турцизми во балканските јазици кои во толковните и другите речници носеа најчесто ознаки дека се зборови историзми, кои главно си го завршиле своето значење, Татко и Климент Камилски не можеа воопшто да си претпостават, по нивните сестрани потраги, колку продолжуваше мистериозното присуство на овие поими, со незавршено, изменето и разгрането значење во балканските јазици.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Иследниците сигурно не заборавиле да ги земат па дури и да ги прочитаат оние неколку редови од тоа спомнато незавршено писмо.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Учеството на Мајка во балканската историја беше директно, посебно низ историјата на нејзините страдања во спасувањето на децата, на семејството, во времето на војните и на преселбите, додека Татко речиси целиот живот ја пишуваше својата незавршена Историја на Балканот низ падовите на империите.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Верував дека ќе можам да ги испишам празните страници од незавршениот татков ракопис.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тој беше свесен дека изборот на (безопасните) балкански ориентализми што го правеше со Климент Камилски, ќе можеше, покрај другото, да послужи за показ на балканските ориенталисти и балканолози да трагаат по тоталитетот на балканскиот историски процес што нему тешко му успеваше во неговата незавршена Историја на Балканот низ падовите на империите.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Имаше многу познати и непознати, завршени и незавршени битки помеѓу татковите книги.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Преостануваше Таа. Да му се подаде, во празниот апартман, меѓу рамнодушно расфрлените плочи и книги и парченца хартија со страстен ракопис од незавршени реченици.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Всушност, неговата незавршена книга можеше да се смета и за еден вид дискретен и ненаметлив апел до идните генерации дека Балканот треба да почне да ја пишува својата историја низ бројните документи и сведоштва, наместо да чека да ја пишуваат новите победници! Новите јаничари...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Незавршената таткова книга за Историјата на Балканот низ падовите на империите стана силен поттик не само да ги надополнам нејзините незавршени страници, туку да трагам по нејзините отворени, нерешени прашања, посебно во однос на власта, владеењето, конверзиите поврзани со инквизицијата и другите историски процеси, погромите, језуитизмот, реформите и нивното отсуство, како основни извори на бројните судири во светот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
А можеби беше и во незавршената реченица, незавршениот збор во галаксијата на азбуката.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Во некаква незавршена балканска алхемиска игра на случајот, се надоврзуваа неговите источни и западни идеи во потрага по вистинскиот излез на семејството, за на крајот да се препушти на верната интуиција.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Ги пакував книгите и испишаните хартии, мојот кутар есеј остана незавршен. Поставени беа основните тези и дури некои од нив разработени за природниот амбиент и неговата поврзаност со секојдневието на луѓето.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Но колку што навлегуваше во нивната жива и незавршена конотација, тој низ овие зборови како да сакаше да ги дополни балканските историографии, кои и во јазиците во подем на државите- нации гледаа бојно поле.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
132. Хрватот Ватрослав Јагиќ е еден од најголемите слависти воопшто во 19 и 20 век, долгогодишен професор по словенска филологија во Одеса, Берлин, Петербург и Виена, автор на многубројни славистички студии и изданија на стари словенски текстови и основач и издавач на славистичкото списание „Архив за словенска филологија” во Виена, како и на незавршената „Енциклопедија на словенската филологија”.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Длабоко во себе чувствуваше дека влегува во некој свој незавршен судски процес.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Тој продолжуваше да зборува за незавршениот круг, како симбол на патувањето на јагулите: - Движењето на јагулата, почитуван пријателе, симболизира еден кружен, временски тек.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Ја поттргнувам машината за пишување со листот во неа и, онака, замислено, гледам во последната реченица од незавршениот текст: „Тука се поставува прашањето...“
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Кога беше сигурен оти наполно ја има довербата на Чанга, татко ми почна да му ги кажува своите страхувања за козите и за „незавршената класна борба”, како што често пишуваше на главните пароли во градот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Повеќе