незадоволен прид.

незадоволен (прид.)

- Тух! - некој незадоволно ќе потшушнеше.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Како главен извор за зголемувањето на бројот на националните сепаратисти ќе служи зголемувањето на конкуренцијата помеѓу бугарската и српската пропаганда во Македонија и бројот на лицата незадоволни од тие пропаганди.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
По Востанието бројот на незадоволните од обете пропаганди ќе се израмни со зголемувањето на незадоволните од бугарската пропаганда.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Уште една паралела со историјата на Србија: да беше Србија незадоволна од својата судбина во државата на Немањиќевците, таа ќе правеше обид да се ослободи и да им се спротивстави ним со стремежот да се присоедини кон Бугарија; но обидот ќе беше направен и ќе доведеше до саканите резултати само ако дозволуваа историските околности; но последниве не го дозволија тоа и Србија се помири со околностите и беше загубена за Бугарија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Психоанализата ја поврзува анорексијата со хистеричното барање желбата да остане незадоволена.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Во луѓето со такви убедувања, како и сите Македонци незадоволни од пропагандите ќе биде во прво време силата на новото течење. Но така ќе биде само во почетокот.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ми се ругаа со најразлични коментари на незадоволни муштерии, иако после неколкумесечно напрегање станав професионална во својата услуга.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Повремено нешто наоѓаа и го задржуваа или незадоволни го фрлаа.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Кога се пронела непроверена вест дека многумина неверници и неколцина незадоволни Турци се отворено со него, беговите побарале од власта да го смири поетот предавник и мулазимот веднаш испратил кај него двајца суварии да го доведат во управата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Граѓанин или правно лице што е незадоволно од одлуката донесена врз основа на дискреционо овластување и кое смета дека таа одлука е донесена поради корумпираност, може да поднесе претставка пред Државната комисија за спречување на корупцијата.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Додека Вера, одново ја прелистуваше книгата раскази на еден голем европски автор (за кого сите теоретичари и литературни критичари сметаат дека е вистински гениј), трудејќи се да си ги долови сите пропусти направени при првото читање, да ги одгатне сите потенцијални значења и нормално да се коригира во проценката што ја имаше за него, нервозно си ја корнеше горната усна и незадоволно мрмореше како може токму него да го сметаат за гениј, а историјата на книжевноста да му изгради споменик за вечни времиња.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Бугарите беа незадоволни од руската политика во последно време, особено поради прашањето за ракополагањето на Фирмилијана66a а и за македонското востание.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Незадоволните од втората до Востанието беа повеќе.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Незадоволен сум и огорчен од начинот на кој се применуваат електрошоковите.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Станував незадоволна и со веќе испробана тактика, опсесивно ја напипував сериозната замисленост, овој пат некако смирено и шаховски јасно.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Или ќе биде победена однадвор, или управува толку неефикасно што масите се креваат на бунт, или дозволува да се формира силна и незадоволна средна група, или пак ја губи самодовербата и желбата да владее.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Суштината е незадоволеното лажно его – рече старецот. –За да се задоволи егото, својата чинија со лоша храна мора да си ја земат.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Според нивното сфаќање, општо усвоениот поглед за општо востание во Македонија бил погрешен, зашто мачно било да се организира и вооружи целиот незадоволен народ.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Знам дека ќе дојдам и јас на ред, па дури и пауза да ме фати не трае колку лутина на грчки цариник кој може по сопствен избор, а и расположение на жената му од претходната ноќ, да штрајкува во следните 24 часа, за да ѝ докаже на цуцата дека, незадоволен, не може да задоволува работни обврски ни тој.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Не се повтори веќе во животот и не ќе се повтори изгледа никогаш таа само замислена, незадоволена сладост.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Повеќе