незнаен прид.

незнаен (прид.)

Потсетете се на сите знајни и незнајни борци што ги положиле животите за слободата што ја живееме.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Во многукратните асоцијативни и симболички зрачења на македонскиот збор, именките и придавките како да ми открија еден до сега незнаен и недостапен свет.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Или си сенка од тврдина зад која почнува незнајно Кралство.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
И видов: на средето од собата, Мозаичник некој незнаен и дамнешен, мозаик преубав сочинил од камченца ситни колку прашинки: мрежа дванаесетаголна, со конци совршени, и во средето на мрежата ново среде, второ среде: пајак црн, сонце на вселена мала и уредена, сподобие раскошно, моќно, најсилно на светот, совршено оти од утробата своја плука и раѓа совршеност; и видов; на средето од пајакот, трето среде што беше, нацртан бел крст, и точно местото каде се спојуваа краците на крстот – средето на светот, точката по која копнеел големиот Архимед, најврвната тајна на сите светови!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Те погледнав свету И мрачен ти беше (божем погрешен) Црно на бело крстозбор решен Кон светлина божем почна да идеш Но рабови тенки, кршлива рамка И овде-онде-пак црна дамка Те допрев потоа за сигурна да бидам Дали по патекава мека и тенка Можам воопшто на кај тебе да идам Или мене само така ми се виде А по текот твој и други видов нешта Девојка невешта по истиот пат Со мисли во облаци чекори кон Ад Со допир стаклен и смирен поглед Ко кукавица птица в незнаен лет А зад неа: надзирам јас со двоглед: – гледам кристално јасно низ овој проѕирен свет! 2001
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Со години и години еден незнаен човек квечерина сам ќе си прошеташе по нашата улица и ќе исчезнеше, потоа, некаде во мракот.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Има денови кога испловувам на незнајни крајбрежја. Пленета и вознемирена.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
И кога сите минеа покрај врбата стушена - делии се запираа незнаен брат си викаа: „Ја стани, море јабанец на оро со самовили!
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Езерото веќе ги ниша соништата на светот. Вечерницата пак нив ги води по знајни и незнајни места во пресрет на муграта моја што постојано ја создаваме човекот ноќта и јас.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Натаму - в поле битолско чемрее врба проклета - под врбата незнаен гроб, в гроб лежи војник непознат.
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Спроти недела на моите колена кога ноќева Нејзините ѓерданчиња од црни и жолти пеги на вратот - Како љубопис спроти жетва што го пишувале пеперутки Нејзиниот глас – потих од нејзината сенка во зорите, Нејзиниот од – потаинствен од прошетката на светлината Низ земните длабочини до плодовите Дури ножева таа На моите колена Незнаен ковач жар на дланката ми носи Да запалам цигара.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Што ако дојди време кога да блесни сонце Си оди незнајно кај напатен самик и чека Месечина во крвта да му угреи.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
Навали глава врз пушката и одеднаш - ја совлада некаква незнајна сладовина, неспозната леснина и рој мисли ѝ ја наполнија главата кои нескладно, една преку друга се превртуваат, претуруваат, се мешаат, клокотат.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
А сигурно го убиле патема и го закопале некаде незнаено каде.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Дрвјата ги зафати некоја незнајна болка како семејство зафатено од тага.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Јас му велев дека не знам по патишта какви и незнајни штичката сама се беше вратила во скрипториумот; но тој не сакаше да чуе, па и натаму ме биеше.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Да се разминуваш, да изустиш добра вечер, о, светци, а тие, се загледуваат во тебе, незнаен и непознат за нив, и те поздравуваат: ти првпат миеш раце во облаците?
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Ете тоа го видов, најискрената вистина за светот со очите на ѓаволот ја видов и узнав: ни Соломон не бил сочинител на словото што му се препишува, туку незнаен некој поет, кој за грст златници мудроста своја му ја продал, чашата своја, за да преживее!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Можеби, берејќи ги маслинките, префаќајќи ги со прстите, помислуваа дека некоја од нив ќе дојде и до устата на нивните татковци што војуваа некаде во незнајни земји.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
а отспроти Паун Радевски ја пресоставува песната „Ена карави апто Пиреја“ и, наместо еден брод тргнува од Пиреја, тој пее „еден брод со нофисти17 тргнува од Драч во незнајно“, ааааа, тис, си пее „ена карави аптом дирахион пуехи меса Нофитис“, си пее, а нас ни се приплакува, морнарите не знаат зошто ни иде така и нѐ бркаат од палубата долу, во утробата на бродот нѐ слегуваат, кај котлите, кај машините и тогаш Паун Радевски запира со песната, се истава настрана и настрана нѐ гледа,
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Повеќе