неконтролиран прид.

неконтролиран (прид.)

Секој неконтролиран гест, секоја неупатна постапка може само да ја влоши неговата положба.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Се мисли дека и Викинзите кои запаѓале во состојба на неконтролиран бес, го правеле тоа под влијание на оваа печурка.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Тој владее и со можноста преку неконтролирано однесување да го стимулира незадоволството кај потчинетиот, а потоа користејќи ја својата власт да го казни непромисленото и неприлично однесување на потчинетиот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Неконтролираните омаловажувања што напати ми приоѓаат ми го подметнуваат оној привид на пукнатина во брана.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Човекот без брада послуша. Неговите големи надуени образи неконтролирано се тресеа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Напати помислував, веројатно за да се оправдам себеси, дека се случувало нешто слично и со судбината на јунаците од нашите детски соништа, кои без претходно најавена причина, само заради неконтролирано изречен збор или грешно срочен одговор, ја губеле силата.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Не поминаа ни триесет секунди од Омразата, а неконтролирани извици на бес веќе се откинуваа од грлата на половината од луѓето во салата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Неговата маѓепсаност од надареноста на мајка ми, особено во кулинарските вештини, ја имам забележано од поодамна, всушност од оној ден кога по конзумирањето на убавото парче од Пасхата што ја беше приготвил татко ми за Воскресение, Лев Петрович очигледно задоволен од вкусот на празничниот колач изјави дека некогаш некој ако предложи да се постави или да се изнесе на пиедестал она што е најполезно и остварува највредни резултати во секидневието, тој без двоумење ќе се заложи тоа да бидат рацете на жената што умеат да создадат толку многу вкусни јастија наспроти трапавите и секогаш лошо приучени мажи кои на животот и не му прикажале ништо друго покрај она нивно необмислено незадоволство што неконтролирано го истураат насекаде околу себе.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Се разбира дека се плашев. Мразев да си го поарчам животот поради неконтролираното однесувње на своеволните и недоволно внимателни индивидуи.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Во тој начин на соопштување, Гита Корец со својата непогрешлива интуиција го препозна никулецот на една состојба што се развиваше како дива билка, како брзорастечки бршлен што во неа предивикуваше силен и неконтролиран страв.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Поради дождот на неодредено време е прекинат есенскиот дел од шампионатот на пердувите во неконтролирано летање во височина.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
„Ќе видиш какви заклучоци ќе извлечат умните и праведните, подоца, во иднината, кога ќе можат со студени глави да ги оценуваат вашите неконтролирано истурени зборови со кои сега толку се гордеете.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Притоа во онаа моја последна реченица посебно бев нагласил дека спомнатиот наш разумен предок всушност уште тогаш се заложил да се отфрли неконтролираната моќ и да ѝ се пријде на вистината со добриот збор, со учество на секој поединец во создавањето на таа питома разумност.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Збрканоста, нервозата и онаа неконтролирана употреба на зборовите изгледа беше поарчена во нашиот телефонски разговор.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Дишеше длабоко и бурно и така го смири неволниот нагон што неконтролирано, до болка му го стегаше желудникот, но не и чувството на потполна излажаност, не и впечатокот дека заедно со трите транспорти и неговиот живот е заминат во некоја непозната и дефинитивно изгубена насока.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Речиси сум сигурен дека не го слушна дури ни ова мое неконтролирано вежбање на гласот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Другарчињата само немо ја погледнаа, неразбирајќи ниту еден збор од кажаното, па гргнаа да се смеат неконтролирано.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Од нејзините гради се кренало збивтаво липање, но чудно и неконтролирано. Таа не можела да се чуе.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Спротивно од него, мајка ми, и не сакајќи кога одеше в чаршија или по некоја од службите во градот, својот македонски наместо да го проткајува со бугарски, како за инает, но всушност неконтролирано, почнуваше да зборува - со српски примеси.  Низ градот сѐ повеќе се расшетуваа луѓе со жолти ѕвезди по палтата.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
„Важно е да не личат на комшијата“, се засмеа Огнена и во неконтролираната веселост што божем ја беше зафатила ја шлапна мајка ми по коленото во знак на некое пријателство или нешто слично.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Повеќе