необјаснив прид.
необјасниво прил.

необјаснив (прид.)

Некаква необјаснива сила ме влече кон неговата испружена дланка.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Со неа ќе ја откријам лирата со која Ахилес им пееше на своите војници; со неа просторите ќе ги заробам во време и како граница меѓу столетијата ќе ја оставам својата надеж во која – сѐ понатаму ќе се пресоздава и множи; со неа јас ќе одминувам и ќе се враќам во ѕвездите; необјаснивите знаци на луњите и на пустошот, низ надежта ќе ги пресоздадам во тајнопис кој како жесток призив: мртвите ќе ги гледа живи – живите мртви а татковината во мртвите ќе чита свое спасоносно писмо. ***
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Изминатите месеци не работеше ништо; две години беше вработен во еден институт за патологија, што значи дека околу две илјади трупови минале низ неговите несвесни раце; на некој необичен и необјаснив начин тоа го беше истоштило.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Да беше јаничарството историска институција, воена, инструмент на освојување, таа така и ќе завршеше, но јаничарството продолжуваше, како аждер со повеќе глави, кој не можел никогаш да биде уништен, ако му била пресечена една глава, на истото место израснувала друга поголема глава, сепак меѓу нив имаше најмногу јаничари по судбина или по нешто друго загадочно и необјасниво за Татко.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Уште еднаш бараше сила да гледа директно во лицето на човекот што страдаше, кој беше причина за неговото измачување, и повторно ја најде потребната сила во лицето што личеше на маска, кое на некој необјаснив начин го потсетуваше на челичен катинар, кој цврсто држеше некоја недостижна тајна.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Меѓувреме му се случуваа необјасниви работи. Чиниш провидението му даваше некакви знаци што тој не ги разбираше.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Си ја бараше и онаа црна точка во која се таложеа составките на боите, кои водени од необјаснива сила и по таен пат, се разлеваа по платното, пресоздавајќи го светот во нов свет и животот во нов живот.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Ме убиваше нивното лицемерие, бидејќи во секојдневната работа, во тој сложен и необјаснив сплет од околности и соодноси, сите ние се проституиравме на различни начини.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Како антиципација на модерната квантна физика, неговиот модел на светот е необјаснив универзум од бесконечни пермутации и рекомбинации.”
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Го водеа, сигурно, и необјасниви, мистични пориви кои се зацврстуваа во него за време на цариградските студии кога, покрај правото, ја студираше и источната философија.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
По тие зборови девојките почнаа да се тресат. Ги зафати некој необјаснив студ што излегуваше низ отворената врата.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Разбудена од бакнежот, просветлена од необјаснивата убавина што може да ја предизвика простата физиологија, тогаш, во далечната летна вечер, таа почувствува носталгија за тој чудесен свет што никогаш пред тоа не го доживеала.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Наместо да се истури врз него, зашто ибн Тајко претпоставуваше дека нему душата му гори од лутина поради онаа распеана раја долу, бегот сѐ уште покажуваше повеќе некаква необјаснива загриженост.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Но, секогаш кога трчајќи ненадејно ќе налетам на тивка уличка која како да не му припаѓа на бучниот град, ме обзема необјаснив страв.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Наеднаш почнаа да се случуваат мошне чудни и необјасниви работи: млекото што го пиеше помалото братче на Димче згорче како пелин; едно утро наеднаш ѝ се здрви раката на Димчевата мајка; еден ден ненадејно и без причина на дедото му испадна единствениот заб; еден ден, пак без причина, бабата си го поткасна јазикот.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Имаше во верувањето на овие источни деспоти во залезните години на животот некаква внатрешна, необјаснива, митска, идеалистичка, донкихотовска сила, која не дозволуваше да ја напуштат власта, кога речиси беа во физичка немоќ да ја додржат.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Проклет да бидам, во сето тоа имаше нешто трогателно, нежно, необјасниво.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Го гледаше како со бавни чекори се оддалечуваше преполн со необјаснива тага и меланхолија која му ја предизвикуваа зборовите во чие значење проникна толку длабоко и од кое не можеше толку лесно да се ослободи и покрај тоа што тие се однесува повеќе на минатото.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Но ако барам некое оправдување за себе, ќе го речам твоето: го правев тоа од немајкаде но и од некој необјаснив бран на задоволство од изненадите што ги носи тоа немајкаде и те турка кон некој брег на кој мислиш дека конечно ќе го откриеш светот.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Некој необјаснив немир почна да минува низ нејзиното тело.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Повеќе