непознат прид.
непозната ж.

непознат (прид.)

Вртиме по некој нерамен и непознат пат и сѐ наоколу ни е непознато.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И луѓето ќе почнат да ми стануваат и познати и непознати.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Поодувам меѓу луѓето и слушам некои зборови и како познати и како непознати.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Мачно е постојано да стоиш пред непознати луѓе и постојано да чекаш да те караат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Дали ме стана некое љубопитство да видам што родив, да се осигурам, што се вели, или некоја непозната жал ми ја сврте главата кон детето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Непознат град, што се вели, други луѓе.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Покрај неа зачекори непознат маж.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Или од црните потони на мојата крв ќе избликнат непознати желби, и ќе биде доцна кога ќе излезат, никогаш веќе не ќе можам да мислам дека се мртви или остинати, и никогаш веќе не ќе бидам она што сум бил.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Ќе бидам вечерва обично физичко тело. Со непознат волумен.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
- Откако ќе го прошетам целиот свет, откако ќе ги запознаам сите непознати, ќе можам да се уверам во тоа.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Тој космички миг на среќавањето со мртвото тело на Рацин на плоштадот, покриено со знамето на земјата, на неговата земја за која живееше, страдаше и пееше, тој молневит душевен потрес, таа отворена рана, страдалничка, на елегичните стихови на неговата Балада што нѐ сплоти сите во плач и липање беа, можеби потсвесно, но длабоко во чувствувањето и мислата оној никулец што ги откриваше како еден нов, дотогаш непознат свет на болката на постоењето и на убавината на зборовите, мојата чувственост, мојата приврзаност и определба за поезијата.
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)
Графити ѕид Ѕид што се гради Ѕид што се урива Непознат ѕид Ѕид за поклонение Ѕид ковчег Курвин ѕид Замислен ѕид Ѕид на радоста Ѕид на ужасот
„Забранета книга“ од Веле Смилевски (2011)
Како да присуствувам на час по географија на кој професорот изведува чудесни нагледни експерименти во кои цели континенти ја менуваат својата местоположба, а јас како повластен претставник на некоја непозната организација ја имам таа чест да го надгледувам извршувањето на овие големи преселби.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Треската го влечеше во непознат мрак и му го сушеше грлото на чие дно лежеше неговата смеа искината на парчиња.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Кога пристигна бродот во таа далечна земја Тој виде непознат народ поседнат на брегот И јадри ѕвезди на небото.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Толку му треба за да види се што има во најмалата, најнепознатата, најскриената државичка на светот, чудната земја Дардаванија.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Во почетокот, племето што живеело на островот, со недоверба и со страв се однесувало спрема овие непознати луѓе.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Мавале доаѓајќи и се распаѓале во прав и пепел за иднината, могила или тулбе на она што било и што ќе е трева или куп непознати цвеќиња со горчлив мирис на смртта.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
На чистинката меѓу грмушките непознатите седеа околу огнот и со внимание ги разгледуваа нашите велосипеди.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
И покрај големиот број на дроги кои творците низ историјата ги користеа за поттикнување на креативноста, сметам дека психоделичните дроги имаат посебно значење за творештвото, првенствено затоа што, во една фаза на своето делување, нудат најсодржински и непознати искуства, кои надарените личности можат потоа да ги транспонираат во уметничка форма, без оглед на цената што ја плаќаат, а таа неретко може да биде висока, што ќе го видиме од подоцнежните излагања.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Повеќе