неправда ж.

неправда (ж.)

Мермер црвен, сиви дамки, празни души, лист вртат на друга страна, домот на правдата се гуши, неправда додека дели.
„Илузија за сон“ од Оливера Доцевска (2013)
Не, не можев да ја истрпам неправдата! Да, сигурно е така.
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
Алуминиумското ѓезве, што вриеше контролирано, сега почна да пувка и да ика како да протестираше против некоја неправда.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
По којзнае кој пат неправда нова на народот обесправен, страден сакаат обезличен да го видат до смрт да го остават покорен и гладен
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Ставен под опсада на бездушни крадци пијавици гладни и човекојадци мојата душа е ставена на мета во светот будалест неуморно прета Мојата душа претрпе стрес неправди безброј, понижувања, бес гази ја , ништи ја за сѐ што е крива еве ја тука повторно е жива Во душата моја се сееше чемер бескрајни лаги од секој лицемер мојата душа се навикна да трпи гази ја, ништи ја повторно се крпи Душата моја е жива и спортска трча на долга стаза маратонска неуморно скока на животна пречка гази ја, ништи ја ќе остане вечна
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Никогаш не раскажа ниедна неправда од детството, од очувот кој велеше дека од кило месо ја сторил човек.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Ние сметавме дека оваа поделба претставува голема историска неправда.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тешко ми е да признам дека и јас се обидов, напишав писма кај некои пријатели, од некои добив и одговор, но сѐ се сведуваше на ветувањето дека ќе се заземеле и дека ќе се обиделе да најдат каде води трагата на неправдата.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Според нив, „таков еден аранжман економски може да биде корисен, а присуството на меѓународните власти може да послужи да се зголеми стандардот на локалната управна власт, под услов да се воспостави ефективна меѓународна власт со можност да интервенира во спречувањето на неправдите докажани од нејзините органи.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
„Според тоа, кога ќе стигне и, штом ја сфатиш целта, содржината и прописите на мојот царски указ, да работиш и да постапуваш врз основа на изложеното, да вложиш многу напор да стапи во сила мојата висока наредба и да се трудиш на споменатата раја да не ѝ се прави неправда и да не ѝ се додева.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
„Нема поголема неправда од таа: заслужено да очекуваш сочувство а да наидеш на рамнодушност па дури и на злоба.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Останав потпрен на рецепцијата, со онаа неверица која нѐ опфаќа во такви моменти божем ни се прави некоја неочекувана неправда.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Покрај другите неправди со кои се товари приведениот, се придодава уште една: го опкружуваат со надгледувачи со единствена цел да ја нагласат понижувачката улога во која се наоѓа.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
2 Токму во духот на онаа позната максима дека „задоцнетата правда е неправда“, мора да се стави до знаење дека вака воведените законски рокови од инструктивни, треба да станат облигаторни за судиите – на тој начин што би се предвиделе и санкции за нивно непочитување.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Јас го молев да ми договори ауденција кај султанот, како мухтар и како човек што ја штити државата, но и Маказар и целиот крај, зашто имаше неправди спрема рисјаните и за да има мир и слога, треба за сите да биде добро и според законите.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Ние сме повикани пред историјата да исправиме една голема неправда што му е сторена на нашиот маршал Сталин: зошто, како што ви е бездруго познато, сите, од до вчера братските комунистички партии, неправедно му свртија грб на Сталин и на неговото дело.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
И затоа, кога мислата ја нема, се појавуваат козите, пратени од Бога да ја исправат неправдата.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Зар може да има толку многу неправда и неа да ја провира низ твоето минато? Не, златна на тетка, никако!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Ете тогаш беше кога ми е даден ферман за градење на црквата и друг ферман за да се нареди да нема неправда при собирањето на џизието...“
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Иако е само обичен на неправдата, во оваа пуста краина, сводник.
„Илузија за сон“ од Оливера Доцевска (2013)
Повеќе