непријатен прид.

непријатен (прид.)

Потоа богословот го покри парчето небо со своите раменици и во собата легна непријатен мрак.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
За растојанија помали од сто километри не беше потребно заверување на пасошот, но понекогаш околу железничките станици се моткаа патроли кои ги прегледуваа документите на секој член на Партијата што ќе го најдеа таму и поставуваа непријатни прашања.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тој подлец изгледа го имаше веќе здогледано наближувањето на непријатностите па сепак, во огледалото, со чудна ноншалантност си го бришеше со белата мека крпа измазнетото лице , а потоа не го прескокна и она долго размачкување на помадата по образите и по челото без да стори ниту еден неприличен гест, или барем да побрза и да ми се тргне од пред очи, како што постапуваше многу често.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Грците исто така не ги разликуваа словенските народности и сите Словени, особено тој дел од нив што им причини најголеми непријатности и се наоѓаше во турско време под нивната заштита, тие го презираа и го наречуваа со презреното за нив име „Бугари”.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Му се ежави кожата од непријатното претчувство.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Ја заврши непријатната работа со пилата и пролеа неколку солзи како по обичај.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Целиот разговор наликуваше на посета на стар и заборавен роднина, полн со непријатни паузи, и прашања, и тоа од оние колку да се врти некој муабет, во најголем дел поврзани со нивните другари од гимназискиот клас.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Погодува кога ќе се каже непријатната вистина в очи, но уште повеќе погодува невистината, лагата и сплетката.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
И како групна слика се непријатни: како да чекаат кој ќе го фати крстот штом попот го фрли.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
За жал, по некое време, се пишмани што воопшто почнал да џогира поради еден непријатен настан.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Потсетуваше на неприготвен ученик. Се нишаше и со несигурен глас говореше брзајќи да ја скрати непријатната ситуација.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Давењето ја потсетуваше на други видови врзувања, што ѝ создаваше дуални накај пријатни чувства, а поентата беше дека смртта треба да биде недвосмислена, крајно непријатна и болна.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Митовите секогаш успивале, додека спознавањето на стварноста, па колку и да е таа непријатна, бил првиот чекор кон нејзино менување.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Стравот и непријатностите да ги оставиме настрана. Нешто за болката.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Во Париз, на пример, се смета навредливо и многу просто ако загледаш некоја жена или ѝ дофрлиш некакви непријатни зборови, но на секоја од нив можеш да ѝ се приближиш ако носи со себе кученце и ако тоа го држи в рацете - можеш да го помилуваш, а пак дамата за ваквиот гест ќе те награди со насмевка...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Се надевам дека ќе заборавите на малата непријатност – рече Ц со извинувачки тон.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Настана непријатна тишина во која тетка Олга остро ја погледна тетка Марија како да кажала нешто што не треба.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Ние, значи, просто си ги затвораме очите пред непријатната за нас реалност.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Фрлен на ѕидот, додека пред него минуваа исклештени карневалски маски, се стресе од оној непријатен грч во стомакот што секогаш го напаѓаше од реата на толпата.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
А кога мораше, просто си ја затињаше устата со раката и ја вртеше главата настрана, па и така чувствуваше непријатна миризма.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Повеќе