непробоен прид.

непробоен (прид.)

Непробојните огради помеѓу животи се нужност зашто, боже пази, да ми се случи да ги живеам сите животи со паметење.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Кога границата меѓу Албанија и Југославија се извиши како висок непробоен ѕид, моите албански сонародници доаѓале до бодликавиот тел на границата од каде фрлале пари цврсто верувајќи дека некој ќе ги однесе до манастирот.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Ѕидовите се стиснаа и го затворија во својот непробиен мрак.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Не барам а наоѓам во себе чудна слика: помеѓу осаменик и чета со нејасни лица е кренат непробоен ѕид со тајни отвори за атак само од едната страна.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Се насобра силен народ. Непробоен ѕид ѝ го затвори патот на полицијата.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
За да ги пронајдеме изворите и паралелите на неговата монументална непробојност ќе треба да се свртиме кон Холивуд , или кон светот на рок музиката.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Потем, притаен како вепар во мракот, чекаше да се згусне во него малтерот на отпорот, да ја соѕида арматурата на неговиот костур во тврд непробоен оклоп.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Не беше лесно да се сочува непробоен израз, кога човек не знае како му изгледа лицето.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Се должеше ли уште на нешто неговата потреба, по првиот занес со мене, кој беше несомнен, да се покрие со својот цврст емоционален плашт непробоен за моите вибрации?
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Можат да разоткријат до најситни детали сѐ што си направил, рекол или помислил; но душата, чие функционирање претставува тајна и за тебе самиот, останува непробојна.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И само заради таа пена што почна да му ја обвиткува свеста со врело злато стврднувајќи се полека во непробоен оклоп, се моташе околу нејзината куќа претпазливо и со возбудено срце нараснато до грло.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Одеше како низ непробојни магли, низ непроодни шуми...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Темна и тешка маглена копрена се спушти како непробоен ѕид меѓу сегашноста и иднината.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Набргу се најде на дофат на девојката, но патот му го блокираше еден огромен прол и една речиси исто толку огромна жена, веројатно негова сопруга, кои како да формираа непробоен ѕид од месо.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Беа секако под челични панцири; секирата се одбиваше со метален звук од нешто тврдо и непробојно.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Беа секако под челични панцири; Секирата се одбиваше од метален звук од нешто тврдо и непробојно.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Температурата на животот топеше еден студен, дотогаш непробоен оклоп а тој плашејќи се да биде разголен до дно поставуваше примки. „Јано“, рече. „Тој професор за кого ти расправав чека сега луѓе во заседа и ги моли да пијат со него.“ „Ти не пиеш.“ Дали е возможно, мислеше. Дали е возможно.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Пред неговата мисла остануваше да биде попусто истрошен и сиот тој напор од минатиот ден, и сите превиткувања на неговото тело по проклетата, непробојна кора на снегот и сета негова прегладнетост и страот, и бегањето, а и оваа безизлезна прибраност во крошната на старата ниска бука.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Моите соништа лежеа зад непробојноста, јас не можев веќе да достасам до нив, под едно црно сонце на зелено небо и од раб на еден зелен оган врз црна земја.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но само се исправил полека, недозгрбавен и не со крената глава, туку повеќе сличен на човек што долго време стоел замислен на исто место, меѓу сенки од кои расне непробоен покрив и под кој ќе почне нова битка без сеќавање за вчерашните рани и лузни на неизлекуваната душа; и ќе гризе и ќе боде и ќе дави ревејќи само со крвта и сличен по нешто на оној негов дедо или дедо на неговиот дедо од дните кога бил со каменен чекан удрен над истото вака распарано животно.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Повеќе