непце (ср.)
Сепак, некој нѐ гледа, велам и ни се полнат со месо забите и непцата.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Продолжи првин со одење, во кое имаше и демнеење на мигот, во кој таа и би се вратила, а кога човекот немаше со што да фрли, таа зеде пак да се шиба огромна и блиска, каква што беше, за да можеш да ги здогледаш и црните српови од ноктите на нејзините шепи, за да можеше да го видиш секое превиткување на тупата болка во нејзините скокови, за да можеш да ги видиш и нејзините крвави непца, за сето време испуштајќи некакво подмолно завивање, полно со една ужасна, здржана, придушена бол, а Змејко, кој уште на првиот нејзин чекор знаеше дека ќе мора да отстапи, сега, кога она завивање нараснуваше во некакво ужасно стенкање кај она ѕвере, готово да расчешне сѐ, што ќе му се најде на патот, го сети дивиот ветер како го подига угоре и како го урива во провалијата под неговите петици и расплакан и сосема совладан тој отстапи.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
И таа миризба ми ги копа непцата и ми ја полни устата со танка водичка.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Со јазикот ги притиснува до непцете, ги гнети, цедејќи го сокот.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
На крајот си ги чистат забите со голи прсти, со нокти или боцкајќи се со вилушката во непцата околу забите.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Само да ми се полни устата со вода, и само да ме подјадува околу непцата.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Болката во непцето од кое му биле истерани забите со удар на беговски кундак го раздразнувала и се враќала при најмал допир, и тој ја пуштил, се обидел да ја тргне главата од нејзиното рамо и веќе не знаел ја прегрнува ли или ја бута од себе; нејзините раце, како таа да барала заштита во паѓањето, останале склопени во топла алка околу неговиот врат додека топлината на женското движење му го заплиснувала издолженото лице.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Мајка му, често, кога ќе немаше млеко, го носеше по млади доилки во селото да цица, а некогаш го ставаше и под коза да цица за да му јакнат бузите и непцата.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Само вода им се полнеше устата, ама не ги болеа непцињата.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Ги гризат и корите од дрвјата, ги разрануваат непцата и вилиците, плачат глуво и насуво.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
И непцата им се раскрвавуваат.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Почнав да се оближувам, ми дојде да пометнам. Ме поткопаа непцата. Исто ко на трудна жена што ѝ иде.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Ќе се налапаат алчниците и ќе се растурат оторбешени, на сите страни носејќи ја на непца и во црева чумата.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Го заплиснуваше со сите изглодани мрши и со сите свои соништа, она обезличено суштество на три нозе, кое просто цвичеше, сонувајќи за тоа свое очекување, лижејќи ги неговите стапалки во снегот, при што носалките му се собираа и му се грчеше неговата остра муцка, а притоа од таму доаѓаше и некое на прв поглед ќе речеш презриво, шеговито мрморење низ полузатворени очи, потсветнуваше едно чудно здрава белина на неговите очници, обвиткани во розовоста на неговите непца.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Околу неговото тело се препашуваше една врела обвивка и тој ја гаснеше неа со по една рака од тој пепелав снег; студенината на снегот просто го испечуваше по јазикот и по непцата, а по оној кус миг, додека тој се растопуваше, овозможувајќи ѝ некакво задоволство, во устата пак му остануваше една уште потврда корупка жед.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Потоа со врвот од јазикот го преземав и го прилепував на непцето, па го размазнував и со неопишлива сласт полека го голтав, држејќи ги очите што подолго затворени зашто така ми се чинеше дека насладата подолго ќе трае.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Си ги греат дланките и со нив образите челата, дуваат во жешкото, сркаат гласно, си ги горат усните, непцата и грлата и чувствуваат како топлото се разлева по градите и желудникот.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Книгата во која оживуваат и бајката, и фотографијата, и уживањето на непцето, и допирот.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Од забите и непцето цеди плунка и со врвот на јазикот навлажнува усни и чувствува дека и се прекршуваат колената, ја облева пот, ѝ се смрачува пред очи...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Мислам дека пепел ми паѓа од непцата, жежок талаш, пилевина, којзнае што.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)