нерешен (прид.)
Стигнавме до финалето и веќе нема нерешен резултат.
„Три напред три назад“
од Јовица Ивановски
(2004)
На масата му стоеше нерешен крстозбор со анаграм и ребус; неговата омилена пасија.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Незавршената таткова книга за Историјата на Балканот низ падовите на империите стана силен поттик не само да ги надополнам нејзините незавршени страници, туку да трагам по нејзините отворени, нерешени прашања, посебно во однос на власта, владеењето, конверзиите поврзани со инквизицијата и другите историски процеси, погромите, језуитизмот, реформите и нивното отсуство, како основни извори на бројните судири во светот.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Сѐ додека си жив, тоа ќе остане нерешена загатка во твојата глава.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Така, во една од улиците, кои сега се оформуваат, а која е паралелна од левата страна со главната, која целата е обновена, насреде стои стара куќа, која чека сигурно на уривање, но веројатно нерешените имотно-правни проблеми не допуштаат да исчезне.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Азра – курвиче со педигре, потекло: нејасно, малолетна, статус нерешен.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
И за мене, сѐ до мигов, кога го пишувам писмово, остана нерешена енигма.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Киберпанкот е невидлив глас на тој процес, и сѐ додека процесот останува нерешен - на пример, сѐ додека тој се заканува да ме преобличи - гласот ќе биде тука.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Во неговата темнина, низ ликот на оној, што го викаше просто Брате, се родија и многу прашања, кои дотогаш во него останувале постојано нерешени, а изгаснати.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)