нероден прид.

нероден (прид.)

Помини на мостот од љубовта неродена...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Годинава се беше случила неродна и феласите ги чуваа овие спасоносни плодови за гладните месеци коишто веќе беа дојдени во овие зафрлени населби.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Сега најбитно е да се задоволат моменталните желби на оние што ја читаат приказнава: што се носи белиот светски патник Дедо Мраз за чие приближување до човековиот свет не трубат само немите и неродените.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
И кога ноќе, шепотејќи со дланка на уста молитви, ќе се сетел за таа глава, умирал; не можел да не мисли дека нејзиниот труп гние во призрачната куќа-кула чија чкртава врата непрекинато ја отворал и ја затворал лут северен предвесник на долга и тешка зима низ чии виулици ќе се тетерави безглава сенка на еден непокорен поет, оној што пеел помеѓу истрели за своите неродени деца и за нивната непозната мајка меѓу ѕвезди и сини пеперуги.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се плаши да погледне Со погледот ќе го разбие прозорецот. И стаклата ќе го разранат. Голото тело на нероденото.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Ама ова не е раѓање, туку убивање на нероден живот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
На пример, искуствата на жените за нивните сопствени тела и за нивните плодови (родени или неродени) би ја предизвикале крутата дихотомија на внатрешно/надворешно и јавно/приватно на начин кој би провоцирал различни одговори ако не и уште повеќе прашања за проблемите коишто се поврзани со идентитетот, врските помеѓу себството и другите, и оправдувањата на либералната демократија.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Збиваат и се демнат, никако да стасаат еден до друг. Под нив е кал и неродна мртвица, плазика во која ни мравка не живее, над нив се протега глува ноќ.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Тој што не е роден – нероден е, па нека се вика како што сака.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
За да живееш не треба да се родиш, му велам, само неродените не умираат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Или ќе ги извикаат имињата на другите неродени или дамна мртви и одвеани од ветерот што мириса на вино или на сол или тивките струења што го издигаат балонот или ветерот од хемискиот оган.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Поклонувајќи му се на дојденикот дури доземи, човекот со разгорештени усни изусти: - Јас еднаш се зареков: Онему што прв ќе стапне во земјата Дардаванија, ќе му ги подарам сите ордени, сите родени и неродени скапоцености ...
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Таа крвава трага на ѕидот беше сѐ што ми остана од нероденото дете.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Но, по пат, изгледа, изумив да спомнам дека барајќи го проклетиот влез на зградата, каде придавката „проклет” има многу повеќе од само доопишувачка епитетна вредност, размислував за човекот кој беше толку музички талентиран што не можеше да го издржи притисокот и товарот на славата, па реши да се повлече во манастир и целата своја неродена музика, сиот талент што Бог толку дарежливо му го беше доделил, реши да му го врти нему.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Остана, писателу, твојот иден, сѐ уште нероден биограф, без важна документација за одгатнување на твојот лик!
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
И Патрокле (нека му ги бере гревовите ортакот) ги брои тука деновите, ги дели ноќите со виновниците и со од мајка неродените. Сѐ заради ортакот - „човек лукав и вреден“.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
За кого, му падна ненадејно на ум да се запраша, го пишува тој својот дневник? За иднината, за неродените.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
1. Ги дочув тие сребрени труби од далечината со глас и звук кои надоаѓаа по аголот на зборот со плачлива желност на нероден чекор.
„Чекајќи го ангелот“ од Милчо Мисоски (1991)
- Да не си и ти Нероден Петко? Тоа сакам да речам...
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
- Не е точно дека некој е нероден....
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Повеќе