несомнен прид.

несомнен (прид.)

Тие претставуваат несомнен придонес во развојот на нашата новинарска мисла и се вградуваат во трајните остварувања на македонската журналистика.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Знаеше дека не е така поради нејзината несомнена вознемиреност додека му ја додаваше пораката.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И во секојдневниот живот, состојбите на будност и конвенционално чиста свест се несомнено неопходни поради голото преживување во светот на бројни опасности коишто мораме да ги совладаме, да правиме со нив компромис или да ги заобиколиме.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Несомнено е дека нашата стара словенска вера е вградена во новата, заедно со паганските култови, со обичаите и боговите кои добиле нови имиња.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Цариградската кадиска диплома ќе му помогне на Татко во остварувањето на десетгодишната судиска и адвокатска кариера во монархиска Албанија, служејќи како кралски судија во неколку албански градови, а на крајот, кога не можејќи да се помири со режимот, и да отвори адвокатска канцеларија во родниот град Поградец на самата граница крај Охридското Езеро, каде што неговото потесно и пошироко семејство уживаше несомнен авторитет.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Таа беше навлегла во некој пригушен, мистичен агол на неговото битие и со своето необично барање таа ги разбуди неговите скриени тајни, древни и несомнени верувања.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Несомнено е дека е виртуозен писател.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Несомнено дека неговиот „шок“ бил голем кога дошол во непосреден допир со Македонците што живееле на територијата на која требало да ја извршува доверената задача.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Во традицијата на балканските класици Луан Старова успева овде да оствари еден мајсторски потфат а несомнено ни резервира и други бисери од овој жанр: Времето на козите е само една книга од една трилогија, која, пак, се вклопува во еден уште пообемен циклус...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Не сум сигурен во врска со светлината што сега ќе ја спомнам, (мене сѐ ми се чини дека ја видов) затоа некој од моите блиски ако потврди дека чудна светлина огреала од лицето на тетка Боса Сотирова во моментот кога сфатила дека син ѝ нејзе ѝ се обраќа од темнината на ноќта, јас сум спремен да прифатам дека несомнено беше така.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
На крајот од краиштата Арсо е непомирлив противник на робувањето. Тоа изгледа така несомнено.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Се случува во времето на сталинистичката диктатура и, потоа, во последниот дел на романот, кога следува периодот на титоистичката диктатура, несомнено многу поподнослива и, во секој случај, ослободена од секојдневниот терор.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Авторот покажува несомнена смисла за дидактика, речиси исто толку колку неговиот колега автор на Слушнете ме другарки, љубов не водете.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Се должеше ли уште на нешто неговата потреба, по првиот занес со мене, кој беше несомнен, да се покрие со својот цврст емоционален плашт непробоен за моите вибрации?
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Брзам со овој илегалец (несомнено тоа е) и сакам да не го слушам тој плач.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Мојот пријател Едгар Морен, умее многу поуспешно од мене да ги вреднува високите книжевни достигнувања на Старова, автор на една магистрална книжевна хроника за едно семејство во текот на XX век што претставува несомнен придонес за нас западните Европејци подобро и подлабоко да ја разбереме балканската историја низ впечатливи филозофски метафори.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Од една страна, несомнено е дека некои лица, врз основа на своите интереси и/или идеолошки позиции, стојат на мислењето дека работниците се доволно заштитени, па дури и дека сѐ уште имаат премногу права.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Набра голем букет ѕвончиња и го мирисаше нивниот слаб и по малку тежок мирис кога еден звук зад него, несомнено кршење на гранче под нечија нога, го стаписа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Впрочем овој факт беше потврден и несомнен.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Најнапред се испречува дилемата: во која мера може да се прифати како несомнен доказ она што го видов во соседната канцеларија од канцеларијата на Грофот и тоа низ затворена врата?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Повеќе