неспан (прид.)
Јани се поднамести, се навали и рече: - Вие, како сакате, ама јас по војната ќе си седнам на сонце пред селската таверна, ракиче, салатче денес, утре винце и печено пиленце и ќе си гледам од далеку, од далеку ќе гледам на планињето, ќе си спомнувам за ноќите неспани и тогаш ќе дремам, мајчината, ќе дремам сѐ додека не ги оддремам сите непреспиени ноќи..., а кога ќе се разбудам, тогаш ќе ве гледам вас, будалаците, како кршите и делкате камен, како градите куќи или палати и тебе како одиш не по свој ум...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Ние децата бевме одамна будни, неспани.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Макар што минав неполни три дена и три неспани ноќи, во ова кусо патување ми се случуваа настани колку половина век, време што ни беше украдено...
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Сѐ уште беше насмевнат но тоа беше збрчканост на неспан човек.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Но беше изненадена, кога за прв пат откако се вселивме во куќата крај реката, го виде Татко неспан цела ноќ, со книгите и неговиот нов пријател по книга Климент Камилски.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)