никаде прил.

никаде (прил.)

Не сум без избор: можам да бидам некаде и никаде.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Кои се единствено видливи од оваа положба на некаде и никаде.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Каде сѐ не прашувал каде може да се купи таков, жолт путер (каква чудна тавтологија, рече, но вистинита е, и неопходна да се опише токму тој путер); низ годините, по сите градови, по целиот свет, барал таков путер; путерот му станал опсесија, еден вид пасија; но никогаш и никаде не сретнал таква боја и таков мирис.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Не гледај никаде Право в земи гледај Во утробата на оваа планина легни Длабоко закопај се Друг да се родиш.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Никаде да се види некое друго градилиште, ни да се чуе глас на мајстор или звук на мистрија.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Како да ги заградил некој ѕид и кон никаде не ги попушта.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Беше тихо и пространо, сонцето грееше а далеку над Огражден се гонеа по прозрачното небо јата бели пувкави облаци. – Кај се губиш, Белич? – го наруши Мече прв молчењето. – Те барам толку време, а тебе никаде те нема.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Оти сум ја подгазила со петиците и никаде не се гледа.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Погледот никаде не стасува подалеку од стрмните ридови, а дозволениот простор за движење го обележуваат сенките на боровите и бреговите на двете рекички.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Никаде нема олку голем град што чека да се исели.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ѕидарите се разотидоа дома на зимување, а градителот ја минуваше зимата во својата колиба од која речиси никаде не излегуваше, а постојано беше свиткан над своите планови и пресметки.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Не знаеш колку отсечно ги исфрлаше нозете од под газот и никаде да му избега дрвото, да го загуби.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ми дојде како да не сум излегла никаде, како да не сум се преместила од ова годишно време.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Оваа прва Нова година по земјотресот знаев дека скоро никаде нема да се пречекува во градот така како други години.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Доживеав болен страв од црните луѓе и истовремено среќа поради несреќата да не можам никаде од дома да излезам.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Би можела да продолжам и никаде да не застанам... сѐ додека не те најдам на крајот од патот...
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Напати во заборавената куќа влегувам на погрешна врата Ме водат вашите гласови о луѓе Одвнатре викате а никаде ве нема Не помага ни тоа дека ги удвојувам очите.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Ќе погледнеш, а погледот ништо никаде не ти покажува и од никаде не ти се враќа назад.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Пред нас се испрекрстиле дрвјата, се зафаќаат едно со друго и кон никаде не те пуштаат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Стварноста постои во човековиот ум и никаде повеќе.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Повеќе