никого зам.
никој зам.

никого (зам.)

Луѓето ми зборуваат нешто, сакаат на друго да ми го тргнат умот, ама јас сум оглувела, никого не слушам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Погледна лево, десно, не виде никого.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
И сѐ така: не обраќајќи внимание на никого и ништо, загледан вземи ќе се покаже и ќе одмине...
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
И ми текнува колкупати сум гледал човечки пискотници кога никој никого не го гледа.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А тоа што немаше ниту трага од некакво копање, никого не го интересираше.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И уште повеќе кога виде дека нема никого блиску до него.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Коле замислено ја искриви вилицата, постоја малку и рече: - Никого. - Ич?
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Ама толку го исплашил, што ги почекувал луѓето колку што се може и никогаш на никого рака не кревал.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Никого не задевај и никој нема да те задева.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Никого не го интересира колкава плата имаш, како си ја платил колата или колку ти кошта куќата.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Не гледаше во никого кога праша чија е таа одмазда и бавно, безволно џвакаше живи тиквени семки.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
А и јас не би сакал со никого да ги делам моиве ноќи и моиве денови тука.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Никого не видов испран и пресоблечен во ново.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
На неа веќе подолго време стоеше вагон што нигде не патува и никого не вози.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Никој веќе никого не може да излаже!
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
А чорбаџи Сиве, за тие работи, секогаш им се најдуваше. Не одбиваше никого, но исто така не забораваше да се погоди каква работа ќе му сврши должникот што ќе се услужи со неговите пари и до кога ќе треба да го причека.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Таа била девојка сираче, само со еден брат когошто Турците го однеле на заточение и без нигде никого, па кога овој ја грабнал, никој не ја побарал.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Мече намина случајно накај собраната бригада откај врбаците, невиден од никого и чу дека меѓу другото се спомна и неговото име.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Никој никого не познаваше, божем првпат сме се сретнале на тоа проклето место.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Откако помина поштарот, некаде кој единаесет часот претпладне, кога селската продавница вообичаено е затворена и пред неа нема никого, авторот пак дојде тука да поседи сам на талпата спружена за клупа пред продавницата.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Повеќе