ништо (ср.)

Ништо не ни можат. Ниту Ватикан. Ниту свети Ватикан. Партијата е посилна од сите.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Нели ти за зборење ја бараш? А тој вели: Е, па, не може таа ништо да не знае по наше.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Дотогаш онака, повеќе молчалив, отколку зборлив, сега избувнал и ништо не можело да го замолчи.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Ех, ништо, му велам јас, ништо не можеш да донесеш ни на раце, во најлонче, а камоли со трактор.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Не мрда! Ништо не се продава! Од што да се живее?
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Тажен, разочаран, бесен, лежеше и размислуваше. Но ништо не можеше да смисли.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Застанаа зад еден ѕид, ѕиркаа, приѕиркуваа, разгледуваа, но ништо не видоа.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
О, бесрамна нека ми биде беседата нека биде вечен нескладот меѓу изгледот и суштината постојат волшебни приказни во коишто сѐ е налик на стварноста во коишто нема ништо што би можела да го објаснам ладнокрвно и рамнодушно!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
А сега остана само еден насмеан лик црно урамен над прагот и над столбовите и една голема тага висната од балконот студен мразулец забоден во градите на земјата каде се растура во ништо една прашинка од човек
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Не можел ништо друго да стори освен да се сокрие во шумата и да чека цел ден во најдлабокиот честар, додека новата ноќ не им ја подари на неговите крилја можноста таинствено да запливаат во небото.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Ние не се ашкаме по кафеани по плажи и на други места Ние си го вардиме сопствениот еукалиптус и ништо повеќе Но и по табиет не сме дрдорливи и претпочитаме да си молчиме
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Оти пајакот најчесто лежи во точката среде што ја викаме и што најмалку се гледа оти средето е скриено внатре и затоа среде се вика; лежи таму создателот, примирен, смирен, кроток, како Бог за кој времето не значи ништо и гледа, демне, слуша, секое треперење на струните на својата вселена, на нишките од мрежата ги слуша, ја слуша музиката нивна семирска!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
На екраните за евиденција на народот се пренесуваа слики од згрозеноста на лицата на нас кои овде седевме и ништо за тоа таму не знаевме.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Но кога видел дека внатре нема ништо што да е вредно, од злато или од сребро, се налутил и го џитнал низ прозорецот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Кога себичноста на едниот влегува во натпревар со себичноста на другиот, ти не можеш да очекуваш ништо полезно и убаво за сите.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Уште долго го носеше оној мраз во своите жили, имаше еден таков впечаток за себе, додека се валкаше преклонет по удолницата, не ни забележувајќи ја длабоката крвава ораница во снегот, како божем таа да беше нешто далечно од него, како тој воопшто да не беше причината за неа, чувствувајќи се мал за тоа да биде некаква причина, и сега веќе не очекувајќи ништо од тој ден пред него, кој можеше во себе да крие нешто за секој друг, а за него тоа беше само еден празен ден.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Иако гледа во неа, не може да види ништо и не знае дека чашите се волшебни кристални кугли само ноќе кога во нив, како од скинати парчиња, составува априлски жолти цветови, осамени планински колиби, две Марии. Сѐ што и да посакаше.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Шетањето по шуми и собирањето печурки во ладно есенско утро, може да биде многу досадно, посебно ако не најдете ништо.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Се бев загледал внимателно во сенката што за момент ја зафати едно валмо светлина но ништо конкретно не забележав.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Никогаш не сум можел да живеам во колектив (тоа ја објаснува и потребата овде да не кажам речиси ништо и за моето семејство); дури имам отпор и кон јавните нужници, автобусите и возовите; ми се гади од помислата дека седам на столче или WC шолја на која седеле илјадници пред мене, макар таа да биде и целосно дезинфицирана и стерилизирана.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Повеќе