новост ж.

новост (ж.)

Цело време ги следам новостите од Европа и по малку се грижам за сите вас таму.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Проектиран буџет за новости чека сопствена реализација на местото за вашата реклама.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
Целата новост што ја донесе сегашниот режим е еден спој на револуционерно и реакционерно чиешто насилно спроведување го врати средновековниот „теократски” човек на сцената на нашето нејако општество.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Тоа всушност и не беше никаква новост.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Секој ден Дуче одеше поручек во општината и оттаму добиваше наредба каква новост ќе им соопшти на прилепчани, а особено во сабота.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Апсењето на стариот крпач Адам го заборавија, бракот на писарот и бабицата тромаво и еднолично течеше - без разделба и без деца, агентот не претставуваше веќе никаква новост; се заситија луѓето од него како деца од дрвена играчка, скршена и деформирана, на која ѝ се излижала бојата.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Тоа беше навистина голема новост.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Новоста го обиколува светот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
97. Бугарите „скрепја серце” можеа да чујат таква новост што не можеше да им биде пријатна.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ќе беше новост некој да почне да тврди дека водите стојат.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Расчеречена од случките што ѝ се случуваа во изминатиот месец, постојано размислуваше како на Томо да му ги соопшти големите новости.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Како најпријатна новост и како најголема пролетна радост ни беше доаѓањето на птиците.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Рада се двоумеше дали оваа новост веднаш да ја сподели со Томо.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Додека Влаинката се растрча по комшии да бара млеко и бибер за чудниот гостин, Марин Крусиќ, според трговскиот манир, направи да не изгледа неблагодарен, па веднаш почна да раскажува за медитеранските новости, една од кои беше и грипот што сега владеел по пристаништата кои се во моментов под карантин.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
„Да ги сложуваш тие луѓе и да ги редиш на рафт како актофки, не е ни вештина ни новост.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
-А потоа, не мора на таквите приказни да им придава толкаво значење – реков кога ми ја донесе новоста за генералската ќерка.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Имаше доволно информации од западните радиостаници, но сега новостите можеше да ги провери од доживеаната страна.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Ова веќе си го видел во филмските новости, кога старата кралица Мери го поздравува народот.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Марко од своја страна си го задржа и по оваа новост односот што го имаше спрема него откако се знаат.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Бојана забележа по Митревото лице дека има некаква радосна и ненадејна новост.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Повеќе