норма (ж.)

Автоматизацијата и механизацијата на најважните процеси во оранжериите овозможуваат да се зголеми близу двапати продуктивноста на трудот во однос на досегашните норми.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Кон четвртиот ден веќе се доближив до нормата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
142 Ако случајноста е она што ја прави историјата, тоа ја нагласува нужноста и можноста за создавање нови односи со сите наследени општествени норми, надвор од сообразноста и подрачјето на прифатени вредности.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Нормата ја натфрлуваше секогаш, ах, никој не може да достаса Невена, а сите сакаа да бидат такви.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Но секој обид општеството да се предочи како конзистентен модел нужно е обид кој, за да биде селективен, арбитрарно одредени начини на општествен живот ги прогласува за норма и, според истата логика, сите други феномени ги класификува како ненормални: или како резидуум на минатото кој евентуално ќе ја изживее својата цел и ќе исчезне, или како некакви туѓи елементи кои што мораат да бидат искоренети или маргинализирани.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Неограничени можности за слободно себеизразување за да се проба и забранетото овошје, слободно чекорење по негазени патеки, можност без срам да се разголат сите догми и ѕирне зад табуата на непишаните морални норми.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ништо од рублите за натфрлените норми.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Но тие не го заборавија кога нему му беше мачно во животот, при неизвесната семејна судбина Кога мораше да го докажува својот сложен идентитет во повоените упростени времиња на црно-белиот режим кој почиваше врз брзи норми на поделба на пријатели и непријатели, на брзи и немотивирани интернации и ликвидации, тој најдобри сојузници имаше во книгите.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тој е околу нас, го вдишуваме како воздух, живее со нас како наше секојдневие, од грдо се претвара во убаво, од карикатура станува естетска норма.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
За кусо време направив норма.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Со какви надворешни норми можеше тој да ги провери своите судови ?
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Таа норма обајцата делумно сте ја исполниле, лажејќи дека сте сонувале нешто што не сте сонувале и давајќи ги своите лажни податоци, своите лажни имиња.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ништо особено: проќелаво ситнолико старче, со очила од дебело стакло и без рамки, врзани за ушите со усукано ортомче, со ново забало во устата што севезден нешто како да џвакаше иако беше празна и нема (саказот веќе беше вон мода и вон норми, а гумата за џвакање влегуваше во мода ама не влегуваше низ увоз), со отпуштени дланки и неподвижни прсти, кои ситно но непрекинато се тресеа - небаре над секоја пара, и најситната металка, што паѓаше на тезгата.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Ваквото алтернативно толкување на когентни (ius cogens) и императивни норми со останатите законски субординирани прописи е класичен пример за противуставност и авторите на оваа студија сериозно размислуваат да го искористат своето уставно загарантирано право и поднесат претставка до Уставниот суд на РМ, како споменатите норми во иднина би можеле да биде касирани.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
За 60 дена работа направив две и пол норми.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Утрото го кажав сонот, а вечерта ме уапсија и ме осудија по норма: 25 години концентрационен логор со принудна физичка работа, 5 години интернација и 5 години одземање на граѓанските права...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Градењето на синтаксата веќе е уметност на умирање; норма е едноставната лингвистичка конструкција.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Нејсе, и покрај тоа што можеше да забошотува, работеше како на норма, ама тогаш трудот поинаку се вреднуваше и - оп, ново унапредување!
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Според пропишаните норми за оваа дејност, дундата не смееше да биде исушена, спечена, ама не и месеста, дебела, подуена како пчели да ја касале.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Тешко е да не ја глумиш оваа приучена префинетост, а да им се доближиш на оние кои само тоа успеале да го научат, но ти зависиш од нив и мораш да ги усвоиш истите норми што нивната реалност ги спроведе како закони за опстојување.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Повеќе