обноска (ж.)
Сакав да му кажам дека е важна обноската, сочувството со другиот, но тој не дочека.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Сама во куќава, таа сепак пројавуваше извесна слобода во држењето и обноските, па не беше безинтересно ни да се позборува со неа, Тогаш, редејќи ја куќата, дури и си попеваше, нешто немислимо да е стариот дома.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
А и мене ми беше мило да седнам, да ја гледам, онака мила во лицето и во обноската, чиста како пена од сапун, мислам, да седнам, да поразговарам, да видам во што сум во право, во што не сум.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Од погледот, од движењата, од обноските - од сѐ на него се гледа: токму човек, баш...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)