огласи св.
оглас м.

огласи (св.)

Стои неподвижен и чиниш чека гром од ведро небо да се огласи и да го удри.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Веро, може ли песна? -се огласи некоја од девојките. - Може, зошто да не.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Бидејќи и во животот има повеќе патишта до иста работа, најпознатите стручњаци за огласување развиле неколку интересни постапки за доаѓање до ваква идеја.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Точно на пладне сѐ огласи оџата од минарето на блиската џамија.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Се изви по прашниот пат надолу нејзината колона, песна се огласи по полето и долго низ зелените перки на пченките светкаа белите шамии на бригадирките, а високо на синото небо се оцртуваа лопати и копачи. Малиот водоносец остана сам на празната полјанка пред логорот.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Гледаа до каде бранчињата го отиснале чунот на езерската шир и дали доволно се избегани од селото каде што понекогаш во утринската тишина ќе ја чуеја камбаната која огласуваше нечија смрт.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Бевме будни кога се огласи познатиот ѕвон на главната порта. Мајка ми прва стигна да отвори.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Начинот на кој петелот скокаше на оградата или на нискиот покрив и како ја креваше главата за да го огласи своето достоинствено кукуригуу, Милан го потсетуваа на муезин кој од балконот на минарето ја искажуваа благодарноста кон единствениот Алах, или пак кон султанот-воин кој ја повикува моќта на мечот.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
- Месото ќе го печете в дол за да не може никој да го види огнот, сепак придушено се огласил.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Практиката покажа дека можноста за вработување без огласување на работното место е преферирана опција од страна на приватните работодавци.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Потем, среќни, излегувавме со козлето по маалото за да огласиме кој е дојден кај нас. Сите со занес нѐ слушаа.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Сончевите зраци се пробиваа низ високите дрвја правејќи светли завеси од утринските испарувања на влажната земја, ширејќи мирис на печурки и папрат; разнобојните лисја на дрвјата се преливаа на светлината добивајќи прекрасна патина, претсмртна боја; клукајдрвците удираа по дрвјата и огласуваа немир; немир владееше и во кучињата: напињаа на ремениците со кои ги водеа манастирските слуги, душкаа по земјата и бараа да се ослободат, да оптрчуваат; повремено ќе заквичеа но слугите ги смируваа жулкајќи ги по главите, или удирајќи ги по муцките.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
И ѕвончето им се огласува.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
За разлика од класичната употреба на терминов во огласувањето, овде се мисли на малку потесна сфера.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Кога стигна ѕвоното, веќе можеше со ѕвонење да се огласи ако имаше богослужба и за смрт, помилуј господи, можеше да се бие траурно.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Судот може да се огласи за месно ненадлежен само доколку тужениот истакне приговор за месната надлежност во писмениот одговор на тужба.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Јас се огласив со мирен тон: - Историските трагедии на Албанците најмногу се должат на геостратегиската позиција на земјата во која живеат.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Се наведнав и продолжив во оној час кога низ проредениот дожд се спровреа првите снегулки кога, како да ја сожалуваат мојата осаменост и ненужност, повторно се огласија над високите покриви невидливи диви гуски.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
XXIX Свинската чума одново се јави во селото, зафати да се шири, и од свињите да се пренесува на луѓето: започнаа луѓето нагло да умираат; секој ден се огласуваше камбаната, секој ден имаше погреб; заразата се ширеше од еден на друг: ги зафаќаше луѓето силна треска, висока температура, огница, паѓаа во бунило, им се воспалуваа дробовите, им се надуваа очите, по кожата им се нафрлуваа темни дамки, бубулки, кои расцутуваа во гној и се распаѓаа; им се воспалуваше грлото, кашлаа непрекидно и длабоко како да рикаа корнејќи ја утробата; им отекнуваа жлездите под пазувите и на вратот и не можеа да се помрднат; жлездите им загнојуваа, им ја труеја крвта и умираа во тешки маки.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Се огласија артилериските батерии.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Повеќе