ограда ж.
огради св.

ограда (ж.)

Се затскривме во живата ограда и демневме. Си ги одбиравме жртвите.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Ајде да одиме понатаму. Ене, таму имало ограда.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Куќата во која живее новото дете е со голем двор, со висока зелена ограда.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Непробојните огради помеѓу животи се нужност зашто, боже пази, да ми се случи да ги живеам сите животи со паметење.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Вртеа околу оградата барајќи ѝ мани.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Секоја група ќе ја предводи по еден од вас, поради тоа што патот и приодите добро ги познавате и лесно ќе можете групите да ги протнете низ бавчите и оградите ...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Душемето одамна веќе беше скапано и повеќето распаднато и со неколку пармаци останати од оградата на чардачето што сега беа виснати држејќи се само на по една шајка.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Обидот да се влезе низ металната ограда на менталната поставеност ги истисна надежите на Јужнососедството дека ќе допрат, до рајската градина на едноумието на Македонистите...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Ги оставивме пљачките и се вративме кај оградата што ги дели машкиот и женскиот логор.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ќе чепкаме така цел ден по логорските економии и вечерта пак ќе отрчаме кај оградата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Седнавме на една клупа покрај оградата и ги гледавме децата кои си играа на лулашките.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ги нема ни оградата, ни тревата. Оградата е откорната и однесена, тревата изгазена.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Кучето го напушта коренот на оградата потерано од камшикот на студот.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
За неколку минути златната липа со златните лисја ја снема. Исто се случи и со златната ограда на мостот.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Се обидував да проговорам со овега или со онега преку ограда, но никој не се задржуваше во разговор. Им пречев.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Неочекувано бедното човече скокна и пред домаќинот и другите да си дојдат на себе, да го зграпчат или да го соборат со удар, се стрчна и со скок на преплашен јарец ја прерипа искривената ограда од прачки.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Вилата на Ниротакис беше во непосредна близина на неговата фабрика за текстил во Дренок; по неколку метра од оградата на фабриката требаше да се мине стилизираниот железен мост преку реката и веднаш, на аголот од левата страна на мостот, се простираше убавото здание среде густ овоштарник обрабен по страните со два реда лозници.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Има таква ноќ во која не постои збор Што може да ги одгатне сите лузни Има таква нож во која се распознаваат само `рѓосаните копја на оградата во дворот И некоја златокрила пеперутка што се провира низ нив Има таква ноќ во која ѕидиштата на собата се сосема голи И во која неочекувано до тебе како последна причесна Допира тешкото удирање на стар часовник
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Ги вргалиме очите и се гледаме низ оградата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А зад таа ограда не се гледаше ништо.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Повеќе