огрди (св.)
Пламенот што се превиткува во средината на земјанката го осветли нејзиниот десен образ огрден со дебела лузна во чија средина сѐ уште е залепен загноен струп.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Смртен страв му го огрди лицето.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Не лути се, ќе огрдиш, ќе ѝ речам јас на Оливера и ќе ја удрам вратата зад мене.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
А Крстовица првин се стаписа, се слиса, ѝ стежна срцето, се стресе како да ја зграби студешница, нешто стопоти во неа, саклет ја стегна, ја сподави, пред очите сѐ повеќе ѝ се згустува мракот, се свиткуваат гредите, се навалуваат ѕидовите, стега таванот, нозете супрашка ѝ ги пече и санкум скудоумна, олелека најпрвин тивко, болката во липтежот ѝ ги искриви усните, ѝ го огрде лицето и, гледајќи наоколу со молбен поглед, подаде раце...
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Гледа во бистрата вода, а во неа широко отворени очи, слични на очи на исплашена срна, лице огрдено од лузна, збрчкано чело, стегнати усни и вилици, прекршени веѓи...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Во полумракот го гледа нејзиното огрдено лице и си мисли: - Колку е добра и мирна и зошто ли токму неа ја погоди шрапнел и толку лошо ѝ го огрди лицето?
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)