одврати св.

одврати (св.)

Го одвратив погледот. „Жалам“, ѝ реков.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Штом ќе се види оти таа никојпат нема да биде српска, Србите ќе можат да се одвратат од своите утврдувања дека Македонците се Срби и ќе ги признаат за одделно словенско племе, еднакво блиско до Србите и до Бугарите. 126 И така, македонската национална преродба е настапен историски процес што има под себе јака почва и голема иднина.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Може ли таа за атер на Бугарија да ги навреди другите балкански самостојни православни држави, чија самостојност е извојувана со руска крв и со руски пари и да ги направи тие држави да се одвратат од неа кон другите западноевропски држави и да се направат во нивните раце орудија насочени против Русија?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Во таа мерка се состои предодвраќањето на дележот на Македонија и зачувувањето на таа провинција за Турција.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Пела и во сонот се појавуваше како сонце, бело бело и топло а потоа таа викаше бате Дончо јас и ти сме брат и сестра нели а тој нема глас да ѝ одврати дека тие двајцата не се брат и сестра само нивните мајки во исто време ги имаат родено и оти се најдобри другари им кажуваат дека се полубрат и полусестра и сакаше да ѝ каже дека се само две деца таа момичка а тој момче нели таа женско тој машко како што има жаба машко и жаба женско како што има гугутка машко и гугутка женско како што има којн машко и којн женско како што има вол машко и вол женско и ние сме како нив и токму ска да ѝ каже во што е разликата меѓу машкото и женското го изгубува привидот на Пела сонцето и белото и ќе врекне со широко отворени очи Их, пак само сон!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Во првата Бугарите видоа само еден мрак, затоа тие се одвраќаа од неа.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Око нема да одвратиш од него.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тогаш сосема се одврати од верското образование и почна да копнее по световно.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Кога ќе поминеше воз стануваше, ги одвраќаше кравите од пругата, а потоа им мавташе на оние од возот.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Лошата зима и мекиот карактер на Селима го одвратија од оваа намера и тој се врати во Стамбол, откажувајќи се од лудите амбиции на татка си да го покори и поислами целиот свет.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Па сепак, од потребата за конкретна акција ме одвраќаше помислата дека веќе во идниот момент Катерина ќе ја поткрене главата од перницата (се разбира под претпоставка дека го избрала креветот како место за починка) и ќе ги здогледа книвчињата чијшто број постојано се зголемуваше.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Не го кажувај ова два пати. Лудиот камен може да те сопне во мигот кога најмалку се надеваш. - ѝ одврати Виктор со својот широк насмев зад кој се криеше никулец симпатија.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Лошото искуство кое го има претрпено го одвраќа и од активирање во полето за заштита на работнички права, како и од самото учество во облици на протест и поддршка на работниците. ***
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Заедно со војниците е и кметот, па често на плачењето на мајка ми, одвраќа: - Не знам ништо...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Мајка ништо не можеше да ја одврати од намерата да ја мине границата, да го оствари судбинското враќање во родната земја, откако стигна црвената виза, токму на денот кога таа наполни 70 години.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ако мислиш со него да ме одвратиш да не го читам писмово, се лажеш.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
И уште не ставена главата на перница, заспивам, се предавам. И сонувам некои бразди, некои води што ги навраќам и одвраќам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И твојата земја убава со друго име пред тебе да ја крсти, прекрстуе, коските свети народни паднати за слободата, од гробот да ги скорива, по сокак да ги разфрла, и со нив да се подбива, а ти да гледаш со очи да гледаш и да црвееш и нити збор да не можеш да кажеш, да му одвратиш.
„Робии“ од Венко Марковски (1942)
Поможи ми, мори мајче! И на вој век и на тој мајка ќе те знам. Земи, земи, одврати му ти вода, јас ќе му пеа љубовна песна, белки ќе го нападиме натемато од него, да се прибере, да си го земиме воа сиромашчето.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Да ја види човек, пак да ја види. Око да не одврати од неа од убавина!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Повеќе