одглас м.
одгласи св.

одглас (м.)

Санкарот шврка по коњите и само камшикот и прапорците се одглас што се слуша.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се надлетуваме со орелот И му велам, И си велам: Крвта на твоите нокти Е одглас на стадо јагниња Што се белее во ноќта И се вселува под кожата на векот.
„Век за самување“ од Веле Смилевски (2012)
Како што е познато, тоа убиство било извршено по наредба на Борис Сарафов и предизвикало значителен одглас во Европа, а Бугарија и Романија ги довело до работ на оружен конфликт.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Реалистички прецизната, избрусена реченица од андриќевска провиниенција се препознава и на семантичкото ниво на Бунар во кој тематски и стилски се мешаат одгласите на Селимовиќевиот Дервиш и смрт и Андриќевата Проклета авлија.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Препознатливоста и лесната идентификација на поетовиот пев е дополнително сведоштво дека Анте Поповски прецизно ја кодирал својата поетска шифра во сопствениот јазик, па сега и кога пее со одглас на веќе испеаното, но и кога пее со залог во новото и (можеби) претстојното, читателот мигновено го спознава неговиот отворен, оригинален, јасен и засекогаш втемелен поетски идентитет.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Потем Фисот говореше глупости, како и обично; нѐ караше, ни се закануваше со укори, мавташе со прстот; и конечно, некаде пред крајот, рече дека би било добро да има што помасовен одглас на распишаниот конкурс за литературен состав на тема: „Перспективите на народната уметност денес.“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Беше еден сосема тих глас, а по него еден длабок одглас на нешто како далечен истрел, кој потоа како да се повтори од поблиску, а низ сето тоа, едвај дофатливо за слухот, се носеа последните одзвуци од нешто, што не беше ни писок ни волчешко завивање, а тој во таа своја потонатост можеше уште да помисли дека вака може да се разреси во своите последни одзиви само човечкиот вик.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Додека ја смируваше својата лутина, збивајќи го острото сечило во телото на Јурукот, некаква далечна, избледена слика, или одглас на некаков разговор, за миг му прелета низ главата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Ама, одгласот на некогашното заречување ќе му дојуреше како неканет гостин, ќе му сржеше: „Внимавај, не ти доликува тоа!
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Рецензијата, го измазнив гласот, што ќе се обидам да ја напишам: ќе биде само недостоен, блед одглас на суптилната вредност на неговото дело.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Зорите ведри, росни, студени во кои како бел килим маглата е послана по длабоките котлини, а облаците – црните носат долготрајни студени дождови, што доаѓаат нагло со многу силни и долги грмотевици и нивниот одглас долго се пренесува низ долгите и длабоки трапишта, процепи и клисури.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Солунските атентати имале силен одглас во внатрешноста на Македонија.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Но секогаш неговиот изострен слух ги фаќаше одгласите од стапките на стражарот како длабок пулс во молчаливоста на овој убиствено осамен свет.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Другите ја прифаќаа како силен одглас што ги гребеше ушите.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Живнаа штурците. Плашливо, срамежливо, исчекувачки, наслушкувачки пуштаат глас и чекаат одглас.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Но, беше ли кај Борко тоа само одглас на менталитетот напластен и зацврснат низ искуството на генерации негови предци?
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Во култура - каква што е нашата - која допрва ќе го проживува својот модернизам, форсирањето на Енди Ворхол како некаква историска пресвртница, можеби и нема да најде соодветен одглас.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
- Те фатија! - како одглас прозвуче гласот на Арсо и усните му се собраа во мрачна иронија.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Секој збор да има свој одглас своја судба, свое кат-чество!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
3.2 Беседам со змијата Затворен во своето Јас-тво Наслушнувајќи го одгласот На мојата болка Во темните шуми.
„Век за самување“ од Веле Смилевски (2012)
Повеќе