одгледува несв.
одгледувач м.

одгледува (несв.)

По оваа семејна трагедија Ејжа решава целосно да му се посвети на одгледувањето на децата и најавува затворање на сите свои веб-сајтови наменети за возрасни.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Со таа идеја искрено се согласи и самиот свети Ксавиер, кој претпостави дека овој член на неговата дружина сака да го воведе во Јапонија одгледувањето на западните лековити билки.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Мама можеби и не можеше да не ја засече таа рана во мене – јас бев точката во која се среќаваа и се разделуваа сите нејзини болки: предвреме завршените мечтаења и бракот со човекот кој тукушто станал дедо, смртта на вториот син и одгледувањето на своите деца во беда, постојаните преселувања во сѐ помали станови, рибањето на подовите во домовите на богатите.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Врапчињата ги оставија стреите на селските кошари и копите со слама, каде што цела зима се тресеа од студ, и излегоа на слобода да ги бркаат бубачките и да прават меки седелца, во кои ќе ги одгледуваат своите мили рожби.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Да имаш афион на грбот, а да забрануеш негово одгледуење и да увезуеш од Авганистан беше најголема иронија.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Беше дојден до информацијата дека еден од најумните од врвното југословенско раководство, кој како татко ми многу читал, во кого најмногу верувал и самиот Водач, а во еден период дури и Сталин, своевремено, додека се занимавал со одгледување и откривање на печурките, особено од својата родна северна република, помислил да ја ослободи земјата од козарите и да ја претвори во цветна градина со безброј печурки!
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Новиот алфабет, тоа примарно средство за одгледување на нацијата, оснажи некаква форма на идентитет.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Тој сметаше дека многу повеќе, се исплатува садењето компири, одгледувањето овошје, пред сѐ сливи, од кои во овој крај правеа надалеку позната ракија, што во секое време и секаде може да се продаде.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
На овие пазари најмногу имаше овошје, а се продаваа и јагоди, па дури и малини, одгледувани под стакларници.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Мајка беше градинар на молкот во кој ја одгледуваше добрината во сите нејзини годишни времиња.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Растењето е доба на одгледувањето; созревањето е доба на плодноста; староста е доба на ослободувањето од непотребното.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Од брашното што го добивавме со социјалистичките купони, но и од црната берза, Мајка, според рецептите од гастрономскиот дел на Ла Ринашенте, ја дополнуваше својата балканска симфонија во развлекувањето на тестото, во дотогаш за нас невидени форми на макарони, лазањи, равиоли, дополнувајќи ги со сокот од доматите кои ги одгледуваше во градината во која садеше босилек, но и каранфили и трендафили.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Тоа е реткост во оваа индустријализирана земја и земја на оранжерии, во кои се одгледува цвеќе и зеленчук. Селата се врзани со градовите.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Посебно изненадување за мама Злата беше колекцијата на егзотични љубичици, што со години ги одгледува учителката Мица.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
На Шабтај му ја препорачаа Рена, две години постара, допадлива девојка од семејството на еден скромен лимар чијашто работа во последно време, како што се намножија и други мајстори на истиот занает, не цутеше и премногу, но сепак му допушташе пристојно да го одгледува своето семејство.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Зелена и лете и зиме, тука виреат многу видови растенија. Зиме се одгледуваат со топлите води од бањите.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Одгледуваше кромид, лук, морков, целер, магдонос, дури и по некој страк бамји и модри патлиџани.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Истовремено, за да ја смири својата совест, се обидуваше да размислува дека тоа што тој се решава да го земе детето, да го издржува и да го одгледува, можеби ќе дојде и како олеснување за Марија, заради безизлезната материјална положба во која се наоѓа.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Чанга, се разбира, постојано мислеше на козите кои со векови, биле одгледувани, па сега се уништуваат.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Барем одгледуваа земја и нешто работеа за разлика од овие кои доаѓаа у гладијаторскиот смрад Скотје да се гужваат за квадрат стан кој кошташе колку 2 квадрата у Барселона.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Повеќе