одмавне св.

одмавне (св.)

Сакам да ја калам волјата на возвишености, на непредвидливото и недофатливото, на крупни мисли, да одмавнувам на секојдневните кавги, во срцето да носам свечени двобои и пелерини.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Посилниот очајно одмавна со рака: - Не ти, туку Бугарин.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Кога некое од поголемките школници ќе се понудеше да ѝ помогне, таа само одмавнуваше со раката.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Но нѐ чудеше кога тој ќе одмавнеше со рака и сосем млако ќе речеше дека овие биле сосем мали возови, наречувајќи ги желчиња и чајничиња, зашто по другите градови имало уште многу, многу поголеми возови, кои тој на млади години ги терал...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Татко ми тогаш сомнително одмавна со главата.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Јас бев фатен како во стапица - не можев и не сакав рамноправно да се карам, а не можев ни да одмавнам со рака.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
На забелешката од Геро дека требало да се јави во штабот, овој одмавна со ножот во раката дека тие во штабот веќе не мислат на него и доцедуваат некое од шишињата скриени по бироата.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Зафрлајќи ја шапката на тилот, братот одмавна со раката и се насмеа.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Тоа не можеше да го оттурне ни со раката, со која одмавнуваше неколку пати, ежавејќи се.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тогај кога зборува за својата Македонија, Никола Кирков го соопштува настанот низ една суптилна критичка нота а со цел да не затапи рефлексот и општествениот коректив онде каде што се покажува како неопходно одмавнувањето на грешката, каде што се покажува како неопходно отколонувањето на причините кои можат да доведат до мултиплицирање на проблемот.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Просто не се покажувал како амбициозен, одмавнувал со рака.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Сакаше да прашува уште и за учењето и за Елена, ама му се стори дека Денко одговара некако без волја, па само одмавна со раката, си промрморе под носот „Да видиш и да не веруваш“, - па замавна со копачот во земјата пред себе.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
За да не заостане, брзо го измерка дрвото со поглед, ги наплука рацете и одмавна, ја закачи ссекирата во стеблото и кога ја тргна рачката да ја откачи, виде оти е лабава.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Откако слушна: “Сепак, денот се познава по утрото”, Ема одмавна, по навика со левата рака, а со десната ја крена чашката со ликер и ги облеа усните со неколку капки кои се развлекоа по тенката линија кармин што ги спојуваше.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Но лекарот ги извади слушалките од ушите и ѝ одмавна со главата, па место кочанот со рецепти ѝ побара да ископа од торбата посмртен лист, па ѝ издиктира како да го пополни според податоците од здравствената книшка и плус неговата дијагноза на латински јазик како причина на смртта. (Нешто како апоплексиа фулминанс).
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Пред неколку потези младиот противник му понуди реми, но мајсторот одмавна со глава.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Со изненадениот поглед немо ја прашува што ѝ е, а таа со едната рака ја брише солзата што ѝ се лизга по мазниот образ и насмевната одмавнува со главата давајќи му на знаење дека е добро.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Одмавнува со глава и ја тера надвор: - Не барај го повеќе. секој ќе го добие она што го заслужил ...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Се замисли малку и одмавна со раката. - Те лажам. Оди си. Сакав да видам дали се плашиш.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Но ништо не му реков. Само одмавнав со раката.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Повеќе