околина ж.

околина (ж.)

Нека никој не се осмелува да ми каже дека дури и за миг на потрошувачот му паѓа на памет фактот дека тој со отпадот што го плаќа и расфрла ја загадува околината и си го загрозува здравјето.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Прашав само затоа што се плашев со моето непознавање на околината да не предизвикам некои непотребни тешкотии.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Тој во десната рака држи запалена цигара од која се креваат думани кои толку ја загрозуваат околината што сѐ живо веќе кашла, венее и умира.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Беа дошле до заклучок дека на светот му е потребен нов или подновен светски поредок, што од една страна ќе ги заштити човековите права и човековата околина, а од друга страна ќе ги спречи господарите на парите, монетарната стварност да ја претворат во катастрофална виртуелност.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Се разбира, алкохолот е корисен сѐ до оној моменат додека не се напраиш стока и не почнеш да ја замараш околината па да зборат за тебе „Види го овој се напраил труп” и таков флекосан на рамења да те носат до дома со што ќе бидеш предмет на исмејавање.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Таквите збунети суштества тешко е да се детерминираат, околината бргу ги открива и бега од нив.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Треба да го вратиме пред да стане кој и да било на светов и во околинава.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Секој се труди да се идентификува со околината која го опкружува, па доколку не најде своја рамка, останува сам како независна планета.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Речиси и околината од нив е црна.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Оваа ловџиска сцена покажува еден високо кодиран однос меѓу ловецот, ловениот и нивната околина.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Но затоа Светосавското друштво за таа половина година направи доста шум: во неа, освен науките, имаше и воена гимнастика и маршеви на учениците со музика по Белград и неговата околина и патување во летото по Србија, каде што се произнесуваа громки здравици.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
В недела тато ја зема со себе во автомобилот и ја шета низ градот и околината, за да ѝ биде убаво и весело.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Греењето во работните хали потполно се исклучува, а работниците се приморани сами да прават грејни тела, да собираат гранки и да сечат дрва од блиската околина, како и од фабричкиот двор, па дури и да горат стари камионски гуми – со цел да се стоплат во текот на студените зимски денови.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Енергично листав сѐ дури вниманието не ми го привлече спасоносно, следната сомнителна реченица: „Повеќето луѓе се способни да го исклучат протокот на стимулации кои доаѓаат од околината, но оние со ниска латентна инхибиција не можат, што резултира со психози, превисоко ниво на креативност или и двете.“
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Десет и дванаесет катници и повисоки – тоа е новиот лик на градот во најблиската околина на пристаништето.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Сега оваа кутра девојка е жигосана, има белег на себе... Ќе ја бие лош глас... Ќе биде бела врана во околината...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Најзабележителни за околината се оние кои се горди на своите носеви.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Под влијание на околината која го прибира во нејзината аура, го обработува, менувајќи му ги дотогашните негови слики за себе, го пушта да замине видоизменет по состав – истрча со одговорот Еразмо, скокајќи околу старецот како дете.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Раснел близу до Минхен, а доволно длабоко во природата; додека татко му сликал, тој бил покрај неговиот штафелај по полињата, до потоците и во шумата во околината на домот; остатокот од денот го минувал со мајка си, која понекогаш му читала поезија и му свирела на пијано.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Запреа и кај фреската на ангелот за која игуменот им раскажа како зографот Трпо, пред да почне да го црта, долго време барал по околината модел што ќе му послужи за ангел.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Повеќе