окопни св.

окопни (св.)

Ќе се видиме кога ќе окопнат снеговите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И ако по многу, многу години наврнеше голем снег, бргу стануваше валкан, грд. Окопнуваше и долго го држеше градот замрзнат, заробен... ***
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
И му се присторува само сенката на убавата жена Некогаш што си потпевнуваше во дворот Тој дури ги окопуваше овошките.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Окопнеа снеговите, земјата почна да превира од бабрењето на семињата под неа.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Крајот на февруари донесе неколку топли денови. Земјата е окопнета.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)