олеснение (ср.)
Тоа „ќе видиме“, заради олеснение во моментот, секогаш се одмаздува со повеќе грижи и со јалови резултати.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Мајка ми силно ме прегрна и јас осетив олеснение во душата.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Абре акмак еден, си велам јас, си бараш олеснение, колку да биде. Ама, ништо не бидна.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Овој ги излажа, им сочувствува и рече дека не може ништо да направи за нивно олеснение, освен да им советува на затворените да се предадат па да молат за милост.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)