олимпијада (ж.)
Ми се чини Македонците тогаш за првпат се покажаа и како азган пеливани на Олимпијадата во Мексико и тоа можеби нѐ поттикна со поголем занес да пееме мексикански песни
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
Дури и најголемиот мудрец си ја лапа збунето брадата, сиромав, не знае како да ја прекине олимпијадата.
„Најголемиот континент“
од Славко Јаневски
(1969)
Италијанскиот народ ѝ телефонира на владата: - Дај си оставка или забрани ја олимпијадата.
„Најголемиот континент“
од Славко Јаневски
(1969)
А ќе стаса ли и Дедо Мраз, со своите еленски стада да расфрла снегулки од торба и да ја види оваа олимпијада? Ене го, вјаса... Ќе стаса.
„Најголемиот континент“
од Славко Јаневски
(1969)
Зашто и на Кобе и над Пешта, и над сите градови на светот оџаците есенски чадат, зашто сите деца во ова утро спијат за олимпијада - и Јан од Братислава, и Фернандо од Мадрид, и оние од Египет и Алжир со ќебе врз густите кадри.
„Најголемиот континент“
од Славко Јаневски
(1969)
Спијат во Пакистан, во Финска и во Венецуела, спијат и во Канада, Кревет е земјата цела за една олимпијада.
„Најголемиот континент“
од Славко Јаневски
(1969)
Невидена олимпијада Се натпреваруваат тројца старци на своја олимпијада кој ќе пушти поголема брада.
„Најголемиот континент“
од Славко Јаневски
(1969)
Зашто и потаму оџаците насекаде чадат, зашто и потаму тече сонливата олимпијада.
„Најголемиот континент“
од Славко Јаневски
(1969)
А на оваа олимпијада кревети и креветчиња се редат.
„Најголемиот континент“
од Славко Јаневски
(1969)
И во Австралија и во Канада е олимпијада.
„Најголемиот континент“
од Славко Јаневски
(1969)
И веќе на светов не е сигурна ни една влада заради спанковската олимпијада.
„Најголемиот континент“
од Славко Јаневски
(1969)