опашка ж.

опашка (ж.)

Нѐ фатило некаде ноќ среде шума, прст пред око не се гледа, што се вели, мислиш си ослепел, а тој ми вели да се фатам за опашката од коњот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се обидував да си ја дофатам опашката и да ја гризам, но не можев да ја дофатам зашто, за жал, немав опашка, ми ја скратиле славната еволуција и оние, таканаречени, културни придобивки.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Кучињата, и тие, кога видоа толкава милост, заиграа со опашките, се приближија, почнаа да ги душкаат братучедите во петиците и под колениците па до празните војнички торби.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Во Софија многу се консумира сладолед на секое продажно место за сладолед има опашка.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Неа ја знаат овчарите и по неа ги скориваат своите стада; неа ја знаат орачите и по неа ги спрегнуваат своите ѕевгари; неа ја знаат жетварите и по неа ставаат да ги зафатат долгите опашки на ушите подолгите слогови.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И јас ќе се држам за опашката и ќе паткам по коњот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Некои шарени жени само вртат со опашките и се укаат со џандарите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Море тој на тамбура место жица влакно од коњска опашка врзува.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Понекогаш ќе се сожалеше и оние добичиња што од силен јадеж и страв ќе избегаа во планината, одеше да ги бара; кога ќе ги најдеше спикани во некоја грмушка или трап каде што сѐ уште мавтаат со опашката и клоцаат со нозете од силен јадеж, им се доближуваше полека, им ги вадеше коњските муви и стршлените и тие ослободени од тој напаст, го лижеа по рацете и им идеше да го бацат.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Голем шарен пес ги пресретна на сред двор, залаа и почна да ја врти опашката во знак на одамнешно познанство.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тенкиот свилен фустан полн со набори, се вееше, се пафташе како на силен ветер, а ѝ се пафташе и опашката од косата и ѝ поигруваа обетките и огрлицата на гушата спуштена на широкото деколте на фустанот и браздичката меѓу дојките кои при силното вртење потскокнуваа како да сакаа да излетаат.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Како кутре кога намирисува коска итаме кон врвот и си мислиме дека не се гледа колку весело ни вртат опашките.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Во соседство живееја две верверички на слична возраст. И двете имаа прекрасно дебело светливо топло кожувче и голема опашка.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Под креветот склопчена змија си ја труе сопствената опашка.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
- За нас жителите од езерово најголема чест е да не проголта кралот Вок и да не претвори во опашка од златна риба со која си ја чешла косата.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Сега тоа ја подигна опашката и од таму се стркалаа неколку ситни црни брбушки и паднаа на подот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ме издадоа нозете и си го наседнав опавчето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Човек со две глави и со две опашки.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ме влечкаат за нозе ко мачка за опашка.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Со стадото руди овци по перунските рудини, како свири со својот кавал во утринската мугра, а двата големи овчарски пци мирно ги вртат опашките крај него, секогаш готови да скокнат и да му го скинат гркланот и на најголемиот волк.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Повеќе