оплеска (св.)
— Ти веќе си решил сете витолишки вдовци да и ожениш, и види — не види, ајде во Рожден по невести. Море, гледај да не те пречекаат негде по Попова Ливада виа вашите аламани и да те оплескаат, бреј!
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Та, вела, со симит, со симит и шеќер ќе и рана јас ако оплескале понекој.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Ете, ние со Андона намислиме да одиме некоа ноќ кај Слива, да и дочекаме ниа качаците од Мусинци, Ерековци, Канатларци и Острец, шо му и зимаат ќесињата и добиците на пазарџиите, и ако можеме некој да оплескаме, да не и јадат сиромасите. Таа е наша работа засега.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Да оплескаме барем тројца аги, да не бидеме на зијан — му одговори Шаќир и почна да стрела. Се заврза сражение.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Тоа се стори што се стори, туку сега ставајте да се позасолниме во растов, оти агите лесно можат и овдека да нѐ оплескаат со мамзерките.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Авалеџиата ми беше втор Турчин по редот шо го оплеска, ама душата не ми седи мирно.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)