опортунист (м.)
Тендери фрчат, во мозок нѐ дупчат опортунисти во кабинет чучат полни кафани од утро до пладне студенти учат за курово здравје Има ли спас од поскапо парно редици долги во социјално и ако завршиш катастрофално скапо е дури и во погребално Избави нѐ Оче од банкари алчни себични луѓе и денови мачни избави нѐ веднаш од шалтерска стока до кога каматата Оче ќе скока?
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)
Тот е прикажуван како систематски опортунист, кој понекогаш застанува на страната на Озирис, а понекогаш е против него. Тој исто така е и бог на смртта.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
„Демократизацијата“ на владеењето на акциите, од која буржоаските софисти и опортунистичките „исто така социјалдемократи“ очекуваат (или уверуваат дека очекуваат)„демократизација на капиталот“, јакнење на улогата и значењето на ситното производство итн., всушност е еден од начините за јакнењето на моќта на финансиската олигархија.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“
од В. И. Ленин
(1917)
Станувајќи против засилувањето на политичката реакција од страна на империјализмот, Кауцки го остава во сенка прашањето за невозможноста на единство со опортунистите во епохата на империјализмот, прашање што стана особено актуелно.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“
од В. И. Ленин
(1917)
Германскиот опортунист Герхард Хилдебранд, кој во свое време беше исклучен од партијата поради одбраната на империјализмот, а сега би можел да биде водач на таканаречената
„социјал-демократска“ партија на Германија, добро го дополнува Хопсона пропагирајќи ги „Соединетите држави на Западна Европа“ (без Русија) заради „заеднички“ акции…против африканските црнци, против „големото исламско движење“, за држење „силна војска и флота“, против „јапонско-кинеската коалиција“ итн.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“
од В. И. Ленин
(1917)
Ако водачите на денешната таканаречена
„социјалдемократска“ партија на Германија со право го добија името „социјалимперијалисти“ т.е. социјалисти на зборови, а империјалисти на дело, уште во 1902 година Хопсон го одбележи постоењето на „фабијанските империјалисти“ во Англија, кои му припаѓаат на опортунистичкото „Фабијанско друштво“.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“
од В. И. Ленин
(1917)
Би требало да се каже: со кој буржоаските политиканти и „социјалистичките“ опортунисти малку сметаат.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“
од В. И. Ленин
(1917)