опуштен прид.

опуштен (прид.)

Лежерна опуштеност, питом поглед, стиховите од моите песни долго патуваат, додека стигнат до затворената порта од твојата душа, што неуморно ткае песна во немирните ноќи...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Вака гол се чини премногу опуштен и нескладен.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
И наеднаш врне дожд тој тече по долгите опуштени лисја на црешата трепери по ливчињата на јасиката го мекне липиното цвеќе и тремот станува трем на шумска колиба сред летна луња.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Кога ли успеал да ја организира оваа гозба, алал да му е, си дорече секретарот, гледајќи го блажениот и опуштен израз на републичкиот партиски секретар.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Зад кулисите на човечката суета, Додека трае тој краток допир на лежерна опуштеност Како втор Рембрант ван Рејн, што ја оживеа природата на платно Јас на лист бела хартија и црно перо во стилот на виножитото со раскошни бои ќе го насликам светот.
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Лабаво е опуштен на мекиот стол, врз неговото вжолтено лице стои замрзната здодевност и рамнодушност.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Кога успева, во постојаната креативна трка со своите музички и академски ангажмани, да пишува толку опуштено и духовито?
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Јас вриев; нејзиното смеење ме доведе до состојба на нервна раздразнетост; веројатно уште вриеше и ракијата од пладневната жега, и виното што сега навлегуваше во моите вени; ме навредуваше што таа рече дека не слушнала никогаш посмешно нешто, и во свеста ми се врати точката со наивниот маж, Петрунела и нејзиниот љубовник; ја прашав што е толку смешно, а таа се навали на ѕидот од кејот, и сосема опуштена, рече: „Прашај во Партијата; можеби водат записник.“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Навлегувам во нова фаза, најдобар спој од сите тари и добро познати умерености, опуштеноста, аналитичката промисленост, посебниот шарм и добронамерност се моите основни инстинкти.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Мирисите на јоргованите но и липите кои почнуваа да се расцутуваат опиваа од сите страни. Отсекаде како да зрачеше едноставна опуштеност.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Но при повторното татнење на возовите над неа, таа опуштена и незацврсната, се прекршува.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Тој се наоѓаше некаде далеку од оваа сала и тука беше само неговото тешко опуштено тело и маската на неговото лице, безизразно замрзната и свртена кон Глигора.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Само да не го најдат заспан, опуштен и неспособен да се противи и брани.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Таа го погледна студено. 76 „Кора“, ѝ рече тој додека јадеше, сега веќе опуштен, одново почнувајќи да се возбудува.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Едно лето, опуштен во меката фотелја на апартманот 15 во луксузниот хотел „Сплендид“, реши да почне со пишување на елоквентни статии за левичарските студентски весници.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Во миговите на опуштеност и двајцата знаеја да бидат деца.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Прилегаше замаено, болно опуштен и одеднаш мошне внимателен.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Значи, шминкерот може да се види дотеран за места и ситуации каде што се симулира опуштеност- кежуал.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Ми пречеше и дебелион. Сфаќајки сѐ седеше глупаво опуштен, дебело, ќосаво бебе што само не ќе се расплачеше.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Му ја фати раката тешка, млитаво опуштена.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Повеќе