опљачка св.

опљачка (св.)

Со себе носат девет коњи и едно магаре кои ги оплачкале.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Бандата направи препад токму на полноќ, кога изморените сејмени, ги налегна дремка, та разбојниците иако беа бројно многу помалку од сејмените, успеаја да ги опљачкаат колите и да ги одведат сите дванаесет коњи.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Да опљачкаш трафика ќе скапеш 20 години робија, а да опљачкаш држава ќе те наградат и у парламент ќе те пикнат.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Дека сум опљачкал селска пошта, дека сум силувал глувонема баба, дека сум ги изневерил вишите интерееси.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Што не стори татенцето да дојде до сликовницата, што не истрга од појасот, речиси сета трговија ни ја опљачка, но до сексот никако не успеваше да стигне.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Си заплакаа Мариовците и се затресоа, гледајќи дека Турците се настрвија и пак ќе нападнат, ќе опљачкаат и ќе изгорат и други села. И не се излагаа.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Ама, бесата бес. Да не дојди утре да нападниш нас оти опљачкавме селото.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Езерец истраја во сите палежи и опљачкувања што ги вршеле и Османлии, и качачки Арнаути, и островски арамии и италијански и германски солдати, но го опустоши граѓанската.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
До пролет кадијата го прати Суљо-ага со педесетина сејмени и овој го опљачка и изгоре до темел малото селце Лисиче, кое веќе не се обнови.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Ниа Мусинските, Остречките, Канатларските качаци, нема пазар да не излезат горе по Слива и да не и оплачкаат нашите пазарџии.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И сега ќе си одат во Битола, ќе соберат свои луѓе и ќе дојдат да го опљачкаат селото.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Многумина граѓани се плашат од чудните безкуќници кои можат да бидат агресивни, подготвени да ве нападнат и опљачкаат.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Кадијата на нив не испрати никаква вооружена сила да ги опљачка.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)